Соленки со сусам и ленено семе

СоленкиПотребни состојки:

250мл. пиво

250мл. масло

200гр. сусам

100гр. ленено семе

2 мали лажички сол

1 прашок за пециво

600 гр. брашно

Начин на подготовка:

Во сад ставете ги сите состојки по ред, мешајте додека не добиете тесто. Тестото не треба да нараснува. Развлечете го тестото во кора дебела околу 1 см. Со модли може да правите форми кои ги редите во плех на кој имате обложено мрсна хартија. Се печат во загреана рерна околу 20 тина минути, се додека малку не поруменат.

Може да стојат подолго време, крцкави се и многу вкусни, бидејќи лененото семе им дава посебен мирис и вкус. На вашите деца сигурно ќе им се допаднат.

Кафе игротека Слонче

Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.