Волонтерите на Црвениот крст во сабота ќе танцуваат на песната „HAPPY“

МоебебеЗаедничко танцување, познато како флеш моб, на секој плоштад и во секој град во земјава, каде има
канцеларија на Црвениот крст на Македонија, ќе се случи во сабота, точно на пладне, како финале на
одбележувањето на Неделата на Промоција на хумани вредности, (21 – 27 септември).
За таа цел, подготвена е и кореографија на песната „Happy”, („Среќен“) од Фарел Вилијамс, од страна
на професионален танчар.
Волонтерите од општинските организации на територија на градот Скопје ќе танцуваат заедно на
плоштадот Македонија, пред Ристиќиевата палата, во точно 12 часот.
– Целта е преку танцувањето младинците да испратат порака за разновидноста на културите и
толеранцијата, дијалогот и соработката, заемната доверба и разбирањето, како најдобри гаранции за
мирот и соживотот, а ние како претставници на Црвен крст имаме одговорност да дејствуваме – велат
организаторите.

Моебебе
Во рамките на Националната програма на Црвен крст на Р.Македонија, Црвен крст во акција-
промоција на хумани вредности (ЦКА-ПХВ), која веќе 17 години се спроведува во Македонија,
младите учат за културата како систем на вредности, за културата на дијалог како основен предуслов
за градење на интеркултурно опшество, и при тоа се поттикнати да бидат активни и да изработуваат
мали проекти за добробит на заедницата.

Кафе игротека Слонче

Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.