Берза на податоци 2014: Извори на информации и можности за подобрување на правата на децата Роми

berza-roma

На 17 декември 2014 година, во Сити Хол Центар се одржа еднодневен настан „Берза на податоци 2014: Извори на информации и можности за подобрување на правата на децата Роми“, во организација на здруженијата „РОМА С.О.С.“ од Прилеп, ХДЗР „Месечина“ од Гостивар, „Сумнал“ од Скопје, ЗМОЧП од Штип, АДРР „Сонце“ од Тетово и „ДРОМ“ од Куманово со поддршка на Канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје и Центарот за регионални истражувања и соработка „Студиорум“.

На настанот беа отворени шест теми од значење за добросостојбата на децата, со особен осврт на децата Роми; во фокусот на дискусијата беа достапноста на податоците за деца и капацитетите за нивна примена, како и иновативните иницијативи за прибирање, анализа и примена на податоците за унапредување на правата на децата во областа на здравјето, социјалната кохезија, раниот детски развој, образованието, економската независност и правната заштита. Настанот го отвори д-р Бертран Демулан, постојан преставник на Канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје, и г-ѓа Ѓултен Мустафова, државен советник за недискриминација и човекови права во Министерството за труд и социјална политика.

На присутните им се обрати и г-ѓа Васка Бајрамовска-Мустафа, Заменик-народен правобранител за детски права од Канцеларијата на Народниот правобранител на Република Македонија во Скопје, која даде краток осврт на состојбата со правата на децата во Република Македонија. Министерството за труд и социјална политика и УНИЦЕФ постојано вложуваат напори за подобрување на состојбата со правата на децата, во соработка со граѓанските организации кои се постојан партнер и застапник за правата на граѓаните, во сите сфера ни живеењето и општественото делување. На настанот беа презентирани и наоди од две анализи, и тоа: капацитетите на граѓанските организации за мониторинг и евалуација; и мапирање на организации и иницијативи за прибирање податоци. Претставувањето на резултатите од овие потфати ќе послужи како основа за продуктивна дискусија и изнаоѓање нови и реформулација на постојните решенија и активности за подобрување на состојбата на децата во земјата.

 

Повеќе информации на http://studiorum.org.mk/berzaroma

Кафе игротека Слонче

Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.