Кога бебето да почне да пие вода

Бебе и водаВо првите шест месеци од животот на бебето не се дава вода, ова се препораки од Светската Здравствена Организација кои родителите во поново време ги применуваат, т.е. своите доенчиња ги хранат исклучиво со мајчино млеко или адаптирано млеко. 

Според последните истражувања од Светската Здравствена Организација (СЗО), докажано е дека мајчиното млеко е најздравиот и најдобриот оброк за доенчето, кое освен хранливи состојки содржи и голем процент на вода. Затоа мајчиното млеко или адаптираното млеко треба да биде храна и течност во првите шест месеци. 

Инаку, порано мајките биле советувани после 3 месечна возраст на своите бебиња покрај чај од ким, да им даваат и вода. Денес, оваа теорија е променета, т.е. докажано е дека оние бебиња помали од 6 месеци кои пијат повеќе вода ја намалуваат способноста на телото да ги апсорбира хранливите материи од мајчиното млеко или од адаптираната формула. Водата само може да го наполни и така малото стомаче на бебето и да ја скрати неговата желба за јадење. Доколку му понудите неколку мали голтки вода, особено во летниот период или кога има пролив, сигурно нема да му наштетите на бебето, но најдобро за ова да се советувате со Вашиот педијатар.

Со полни шест месеци кога бебето ќе почне да јаде слатка храна, (ќе започне да пие сокчиња и јаде овошни кашички) водата веќе треба да ја нудите како течност, но секако ќе ја воведувате постепено , најпрво во мали количини. Водата треба да биде превриена и изладена на собна температура, независно дали е од водовод или е од нискоминерална вода од шише. Овошните сокови кога ќе започнете да ги воведувате давајте ги разредени со вода во сооднос 2: 1. После првата година од животот на детето можете да му нудите да пие вода колку сака и кога сака.

Кафе игротека Слонче

Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.