Дали да го бањате бебето секој ден

Moebebe bananje na bebetoСигурно мајките барем еднаш си го поставиле ова прашање, дали навистина е потребно да се бања бебето секој ден.

За ова прашање, постојат различни мислења и ставови од страна на педијатрите. Порано се верувало дека со секојдневното бањање бебето расте, но денес експертите предупредуваат, појавата на егзема со генерации наназад е резултат на секојдневното третирање на нежната бебешка кожа со вода и козметика.  Според нив, ако станува збор за новороденче, доволно е да се бања 2-3 пати неделно за да биде чисто. Некои бебиња уживаат и се релаксираат во топла вода, додека пак други, плачат и се надразнуваат,затоа Вие се тука да процените кога е најдобро да го бањате своето бебе. Доколку бебето е настинато, топлата вода со малку морска сол ќе го одзатне носето и ќе го смири бебето.

Доколку во подрачјето во кое живеете има тврда вода од водовод, имајте на ум дека оваа вода лесно може да ја исуши бебешката кожа и да ја направи дополнително осетлива. Доволно е секојдневно да го миете лицето на бебето со вода и при секое менување на пелените да го освежите со бебешки влажни марамици.

Во првите месеци од животот на бебето, најдобро е да го бањате бебето со придружба се додека не стекнете пракса, бидејќи лесно може да ви се лизне од рака.

Кафе игротека Слонче

Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.