Во сабота Велигденски Базаар во Скопје Сити Мол

Velgdenski radostiМногу радости, среќни моменти, насмеани лица и креативни мали уметници кои од срце им се радуваат на зајачињата, птиците, цртањето јајца и сето она што е дел од ,,Велигденските Радости” во Скопје Сити Мол по повод најголемиот христијански празник, Велигден.

Среќните и насмеани лица овие денови се’ почесто можат да се забележат во Скопје Сити Мол, местото каде што во тек се ,,Велигденските Радости”. Малите зајачиња предизвикуваат големо внимание, прегратки и фотографирања. Малите дечиња со посебна љубов ги цртаат своите Велигденски Јајца, сакајќи да ги импресионираат родителите.

До понеделник, 13 април, граѓаните ќе може да ја видат фармата со животни сместена на самиот влез на Молот, веднаш до Плеј Кафе. Велигденските работилници за деца, се место каде најмалите цртаат. Велигденскиот Базаар ,,Oд децата за децата” се случува денес и утре во 17 часот, како и големата изложба на декорирани јајца од основните училишта која ќе може да се проследи до понеделник.

Да се напомене дека Велигденскиот Базаар за ѓаконијата ќе се случува во сабота, на 11 април, од 10 до 22 часот.

Кафе игротека Слонче

Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.