Деца од 34 земји се соединуваат за заедно да кажат “Hello My World!”

Helen DoronОвие деца доаѓаат од 5 различни континенти и 34 различни земји кои пренесуваат различни култури и традиции, но сепак, овие деца имаат нешто заедничко:секое од нив изучува англиски јазик и тоа им овозможува прилика да бидат активни во помагањето на другите. Кампањата “Hello My World! е уникатна детска иницијатива за спас на орангутаните и започнува овој април.

“ Hello My World“ е интернационална и едукативна кампања под водство на Helen Doron Educational Group со цел да се одбележи 30 годишнината од постоењето на Helen Doron English. Низ оваа кампања ние сакаме да ги поучиме децата од целиот свет колку е важно сите ние да делиме сочувство кон светот кој е наш заеднички дом. – вели Хелен Дорон, основач на Helen Doron English и личност која е заслужна за методот низ кој многу мали деца и тинејџери изучуваат англиски јазик.

Заедно остваруваме една многу важна цел

Фокусот на оваа кампања е спасувањето на орангутанот, едно од најинтелигентните суштеста во животинскиот свет. Тие ја губат својата природна средина секоја секунда се повеќе и повеќе поради масивното заземање на илјадници хектари дождовна шума што се случува секоја година. Индустриското садење на палмови дрва за правење на палмово масло е една огромна закана на орангутаните како животински вид. Преку приклучување кон иницијативата “Hello My World!” децата ја поддржуваат заштитата и засолнувањето на орангутаните, разбирањето на значењето на нивната природна животна средина и грижата за орангутаните кои се сирачиња и помагање за нивното повторно враќање назад во шумата.

 

Англискиот јазик и граѓаните од сиот свет

Каква улога има англискот јазик во оваа кампања? “Охрабрувајќи ги децата да учат англиски јазик, ние им подаруваме алатка која им овозможува да комуницираат меѓусебно и да воспоставуваат нови врски. Овој заеднички јазик игра многу важна улога бидејќи ги соединува нашите гласови и заедно можеме да ја шириме свеста за страдањето на орангутаните.” – изјавува Хелен Дорон

Познавањето на англискиот јазик е неопходно во денешниот глобализиран свет.  Детските игралишта и нивните огради повеќе не се толку ограничени, бидејќи преку интернетот тие можат да го вклучат целиот свет.

Голем број од децата денес многу добро се справуваат со комуникацијата преку видео клипови, текст пораки, постови и сè што е овозможено од социјалните медиуми. Ова не се повеќе новости од технологијата, туку секојдневни алатки за комуникација, што исто како и јазикот, помагаат да се поврземе со другите, да креираме нешто, па дури и да го подобриме светот. Интернетот, логично, е најефективниот медиум преку кој ќе се промовира и прикажува кампањата „“ Hello My World“.

Да се помогне на другиот

“Да ги научиме децата како да пораснат во одговорни граѓани на светот и да ставиме акцент на длабокото значење на сочувствителноста и дарежливоста е многу важен дел од нашата едукативна мисија” – вели Дорон. “Во текот на овие 30 години, Helen Doron Educational Group има поддржувано и продолжува да поддржува многу локални и глобални организации чија цел е животната околина. Ние чувствуваме дека дојде време ваквите иницијативи да ги споделуваме со нашите ученици и со сите деца во светот и да ги поканиме да станат амбасадори на нашата кампања.”

Оваа кампања е отворена за сите деца од светот на возраст до 19 години.

Ве повикуваме да ни се придружите во оваа посебна можност за да ги научиме нашите деца да соработуваат заедно за цел која може да донесе промена во светот. Сакаме нашите деца да знаат дека се силни и дека можат да пренесат порака на англиски јазик и да влијаат за создавање на подобар свет.

1ва награда – Патување до засолништето на орангутаните за детето кое ќе победи и еден од неговите родители
2ра и 3та награда – последниот модел на таблет

Над 120,000 ученици на Хелен Дорон методот од над 800 локации низ светот ќе имаат часови на англиски кои ќе бидат посветени на страдањето на орангутаните. Низ овие специјално осмислени лекции, децата ќе научат како и зошто орангутаните ја губат својата природна средина и како садењето на палмови дрва кои се користат во индустријата за правење на палмово масло може да доведе до изчезнување на орангутаните, па и други животински видови.

Кафе игротека Слонче

Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.