Саем за деца и семејство во Скопје Сити Мол

Саем за деца и семејство во Скопје Сити МолДружење и забава со Трајче Георгиев и Златните Славејчиња, омилените детски маскоти и живи рептили, разни спортски активности, забава за најмалите, многу насмевки, весели и распеани дечиња, ваква беше вчерашната слика на официјалниот почеток на Саемот за деца и семејство, организиран со цел да ги обедини најмалите, да ги усреќи најсреќните и израдува родителите.

Денес забавата продолжува, а сите посетители имаат можност да учествуваат во играта на лојалност и да освојат патување за целото семејство во Дизниленд во Париз, телевизор, тaблети, велоспеди или други вредни подароци на кои ќе се радуваат и големи и мали.

Саем за деца и семејство во Скопје Сити Мол

Денес на програмата, предвидено е да настапат училишни хорови и други секции од училиштата, златните славејчиња, а сите посетители ќе имаат можност да се дружат со омилените детски маскоти и живи рептили.

Покрај тоа Републичкиот Совет за Безбденост на Сообраќајот на Патиштата ќе реализира едукативни предавања за децата-велосипедисти пешаците.

Саемот за деца и семејство ќе трае до утре, недела (17ти мај), а сите кои сакаат да го посетат се добредојдени во Скопје Сити Мол.

Кафе игротека Слонче

Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.