Рецепти за деца: Што да пие детето во текот на летото?

moebebeВо текот на летниот период, особено во жешките денови, консумирањето на течности е особено важно, така што, покрај водата која треба да се пие во големи количини, добро е да му понудите на своето дете и некој освежителен пијалок, кој освен што ќе го разлади, ќе го задоволи и неговиот дневен внес на течности.

Покрај водата, детето треба да прима  свежо исцедени сокови , ладни чаеви и вода во која имате исцедено малку лимон.

Еве како да ги подготвите летните пијалоци за Вашето дете:

  • Во блендер ставите 20 тина листови босилек, сок од два цедени лимони, една лажичка мед (или малку шеќер) и 2 литри вода. Измешајте ги состојките, ставете во бокал и оладете го пијалокот.
  • Една чаша вода превријте. Со неа прелијте 20 тина листови нане и 15 зрна суво грозје. Оставете да постои половина час. Додадете сок од еден цеден лимон и 2 литри вода. Процедете и ставете во бокал.
Кафе игротека Слонче

Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.