Дали вашето дете е подготвено да остане само дома

sam domaОд кога може детето да остане само дома зависи од повеќе работи. Најпрво, најважна е возраста на детето. Најрано може да го оставите само дома на 10 годишна возраст. Некоја идеална граница е помеѓу 10 и 16 годишна возраст, но ова секако зависи од самото дете, но и од одлуката на родителот дали смета дека неговото дете конечно е подготвено за еден нов предизвик, ДА СЕ ЧУВА САМО ДОМА.

Со почеток на новата учебна година се создаваат и многу нови обврски за децата. На некои дечиња веќе им е време да се грижат самите за себе каде времето после училиште треба да го поминуваат сами дома, грижејќи се за себе во тие неколку часа додека родителите се на работа.

Следниве три прашања може да му помогнат на родителот во донесувањето на одлуката за престој на детето само дома:

1. Дали детето ќе се чувствува пријатно додека ќе биде само дома?

– Доколку се плаши, чувствувате некој немир во него, зборува постојано на оваа тема со голема возбуда, треперење и неизвесност, не убедувајте на спротивното, затоа што јасно ви кажува дека не сака да биде само.

2. Дали може да запамти и примени се што сте му кажале да (не) направи?

– Доколку одговорот е НЕ, не размислувајте да го оставите само дома.

3. Дали може да се снајде само ако се најде во неочекувана ситуација?

– Ова веќе треба претходно да го тестирате. На пример, ситуација 1: ѕвони некој на врата, ситуација 2: си го повредува прстот, ситуација 3: снемува вода или струја…

Ако одговорот на овие три прашања е ДА, еве како да започнете:

– На интернет има on-line курсеви како да престојува детето само дома, ова може да го гледате заедно и се што нема да му биде јасно да му разјасните.

– Вежбајте различни ситуации, кога ѕвони некој на врата, на пример, поштар, како да се снајде во таква ситуација.

– Доколку се повреди, научете го кој сосед да го повика и кога да се јави на брза помош.

–  Поставете јасни граници за времето кое ќе го поминува пред телевизор и компјутер, како да го користи шпоретот и на што треба да внимава.

– Направете листа – да се присетува на некои работи.

– Започнете да го оставате по 1-2 часа само дома.

– Кога прв пат ќе го оставите само дома, немојте да му давате обврска да чува помал брат или сестра.

– Дајте му мобилен телефон со вашите меморирани телефонски броеви, научете го постојано да го проверува.

Ако сето ова не ви успее, морате да имате план Б. Еден ден децата ќе научат се, овие прашања ќе се затворат, но животот ќе ви донесе нови кои ќе треба повторно да ги решавате и да учите заедно со нив и со се што ќе ви донесе друго во животот. Со среќа!

 

Кафе игротека Слонче

Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.