Шест прашања кои треба да ги поставите на детето кога ќе се врати од училиште

mama i sinШто ви кажа денес учителката?

Многу е важно да внимавате како ќе го формулирате ова прашање. Едно е да прашате што правевте денес на училиште, а друго е да прашате што ви КАЖА учителката. На првото прашање секогаш ќе добивате општ одговор, а за второто  прашање децата почнуваат да размислуваат, нели, треба да дадат конкретен одговор,и во прв момент нема да знаат да ви одговорат, но суштината, т.е. најважното сепак ќе ви го кажат, што кажала учителката.

 

  1. Каква боја се чевлите на учителката?

Смешно прашање, но сепак многу корисно. На децата ова ќе им изгледа смешно и забавно, но ако не го поставувате секој ден, нема да знаете дека учителката носи секој ден апостолки на работа и дека има над 20 пара различни, дури едни и се со hello kitty, дури и во чантата си носи еден пар…Повеќе детали во описот ќе добиете од вашата ќерка, додека пак момчињата, кои обично не раскажуваат во детали, ќе го научите да ви кажува каква боја на чевли имале сите учители со кои дошол во контакт со нив тој ден.

Со одговорите на ова прашање, вие ќе го научите детето да бележи детали и да ги пренесува како информација, верувајте, ова понатаму во животот многу ќе им користи, на пример, да донесе некој заклучок или одлука, (учителката ќе добие апостолки за 8 март).

 

  1. Да не те уплаши нешто денес на училиште?

Ова прашање ќе го поставувате еднаш неделно. Можете многу работи да дознаете кои не сте ги забележале кај вашето дете, но раскажувајќи ви некоја ситуација од училиште, на пример, може да откриете дека детето се плаши да се качува на јаже.

 

  1. Што те насмеа денес на училиште?

Најчесто ќе слушате смешни одговори. На пример, како учителката направила нешто глупаво, ќе слушнете некој виц, или ќе ви раскажат смешна ситуација. Додек ви раскажува детето неговите очи ќе светат од смеа, па добро е, но и здраво , еден дел од денот заедно да се смеете, ова е она, позитивното во текот на денот.

 

  1. Со кого се дружиш за времето на ужинка? Што играте за време на големиот одмор?

Убаво е да слушате како ви раскажуваат за своите пријатели. Ако постојано слушате неколку имиња на дечиња со кои се дружи, поканете ги и на дружење надвор од училиште. Доколку слушате само едно име, охрабрете го детето да се дружи повеќе и комуницира и со останатите деца.

  1. Дали денес некое од другарчињата имаше некакви проблеми ?

Кога ќе го поставите прашањето, треба да наметнете дискусија за тоа дека може да му се помогне на некое другарче, колку е важно да се разговара за да му се помогне некому. На пример, може да дознаете дека мајката на најдобриот другар е тешко болна, тогаш треба да го советувате вашето дете да не го остава својот другар сам на одморите, и тоа како му е потребен разговор.

 

На крајот ќе ви биде многу мило што сте воспоставиле една убава, искрена и доверлива врска со своето дете.

 

Кафе игротека Слонче

Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.