Што е ново во учебната 2015/2016 година

Prv ucilishen denЗа околу 270.000 основци и средношколци денеска почна новата 2015/2016 година. Првпат во училишните клупи седнаа и околу 20.000 првачиња.

И оваа година ќе има бесплатни учебници, но она што е ново годинава, е воведувањето на образованието по Кембриџ системот за четврто, петто и шесто одделение за математика и природни науки, а догодина тоа ќе ги опфати и седмо, осмо и деветто одделение.

Од годинава нема веќе казни за наставниците поради екстерното оценување, туку само награди за оние наставници чиишто ученици покажале одлични резултати на екстерното оценување. Многу скоро ќе започне со работа и академијата за наставници со цел подигнување на квалитетот на наставата.

Имаше реакции околу проблематичната содржина на определени учебници, оваа година сите учебници постари од пет години се препечатени, за да се направи промена на содржината најпрвин треба да има промени во законот за учебници, па дури потоа да се пристапи на измени во книгите.

 

Кафе игротека Слонче

Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.