Појадок за топење на салото околу стомакот

moebebeСекој сака да биде здрав, да има витко тело и здрава кожа. За да му го овозможите ова на своето тело потребно е секое утро да појадувате оброк богат со витамини и минерали. Со воведување на здрав оброк наутро, за кратко време ќе ви се подобри метаболизмот, ќе имате повеќе енергија, ќе се чувствувате полесно и здраво.

Потребни состојки за подготовка на појадокот:
300 мл ќефир или немасен јогурт
2 супени лажици овесни снегулки
1 кафена лажичка мелено ленено семе
1 кафена лажичка какао во прав
5-7 суви сливи
Начин на подготвување:
Оброкот се подготвува навечер, а се јаде наутро за појадок. Во сад ставете ги сливите исечкани на коцки, прелијте ги со врела вода и оставете ги 10 тина минути за да омекнат. Во друг сад ставете ги овесните снегулки, какаото, лененото семе и ќефирот, промешајте, па ставете ги сливите. Сливите најдобро е да ги изблендирате како каша, но можете да ги ставите и како парчиња исцедени од водата. Смесата ставете ја во фрижидер. Наутро вашиот појадок е подготвен. Во првите денови можно е да имате реакција во стомакот, но полека дигестивниот тракт ќе се урамнотежи.
Доколку секојдневно го појадувате овој оброк, ќе успеете да ги исчистите цревата, ќе го подобрите варењето на храната, а најважно од се е дека ќе ги стопите масните наслаги и ќе ја нормализирате својата телесна тежина.
После месец дена од консумирањето на овој оброк, ќе намалите 3-5 килограми, тежина, особено ќе ви се стопи салото околу стомакот.
Кафе игротека Слонче

Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.