Промени во законот: Задолжително возете ги децата во детски седишта

bezbednost na deca vo soobrakjajotНовиот Закон за безбедност во сообраќајот на патиштата предвидува задолжителна употреба на детско седиште во автомобилот. Овие сериозни измени се во насока на заштита на децата во сообраќајот.

Имено, Законот вели дека патнички автомобил на задното седиште, смее да се превезува дете помало од 5 години, во поставено специјално детско седиште, кое за седиштето од возилото е прицврстено со сигурносен појас или на друг соодветен начин.

На совозачкото седиште дозволено е да се превезува бебе- дете помало од 2 години, под услов ако возилото нема заштитно воздушно перниче, ако воздушното заштитно перниче е исклучено и ако детето е во посебно детско седиште поставено спротивно од правецот на движење на возилото.

Непочитување на оваа одредба од законот ќе ве чини 35 евра во денарска противвредност, или 15 негативни поени.

Ова е исклучително важна одредба, која сериозно ќе влијае во подигнување на безбедноста на децата во сообраќајот.

 

Кафе игротека Слонче

Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.