5 грешки кои ги прават родителите: Како бебето да ја преспие цела ноќ?

moebebe.mk

И на родителите не им е лесно, особено ако очекуваат бебето да спие цела ноќ. Најчесто новопечените родители прават грешки кога станува збор за редоследот на спиење на бебето. Има бебиња кои ја преспиваат цела ноќ, но тие се ретки.

Најчесто бебињата се будат еднаш, до два пати во ноќта, некои сакаат да си играат по неколку часа, некои плачат за млеко, за промена на пелена и сл.

Еве кои грешки ги прават родителите:

– Очекувате за кратко време да се реши се;

– Вложувате премногу напор, сакате да направите се;

– Очекувате бебето да спие по распоред;

– Го будите бебето ако спие подолго преку ден;

– Одите на прсти кога спие бебето.

Бебињата до три месеци не можат да разликуваат ден од ноќ. Во текот на ноќта, најчесто се будат поради глад, бидејќи стомачето им е се уште многу мало за да бидат доволно нахранети, за да ја преспијат ноќта.

60% од бебињата на 9 месечна возраст се будат во текот на ноќта и ова е нормално, па затоа родители, наоружете се со трпение, период е, ќе го надминете.

Бебињата треба да се прилагодат во средината во која живеат, па затоа не го штитете детето од мирисот од кујна, не го затворајте во соба ако се сушите со фен, користите миксер или нешто слично. Верувајте, сите активности во домот бебето ги доживува на интересен начин, со голема заинтересираност и желба да научи нешто ново.

Многу е важно, пред подготовката за спиење бебето да не го заигрувате со некоја нова играчка или нова игра, бидејќи колку и да биде изморено и му се спие, ќе биде доволно возбудено за да не заспие.

Додека не фатат некој ред, бебињата знаат добар дел од денот да го преспијат и да сакаат да си играат навечер кога ќе дојде времето за спиење. Родителите треба да знаат дека бебето не треба да се буди, т.е. да му се крши сонот. Доколку бебето се успие преку ден, најчесто родителите го будат со надеж дека ќе спие навечер. Ова е грешен потег. Бебето ќе биде ненаспано и уморно и колку повеќе го држите будно, тоа толку повеќе нема да сака да спие, бидејќи ќе биде раздразливо, едноставно нема да го фати сон.

Додека спие бебето, немојте да бидете многу тивки, т.е. немојте да престанувате со вашите секојдневни активности во домот. На пример, ако вашето поголемо дете сака да пее и игра во домот, ова не треба да претставува проблем за спиење, нормално без врисоци и силни тропања, така да се што е умерено е добро, како за бебето, така и за вас домашните. Бебето веќе знае да ги распознае одредени секојдневни звуци во домот и тие не му пречат додека спие. Доколку го научите да спие во потполна тишина, веројатноста да се разбуди при мало шкрипење на вратата е голема.

 

 

 

Кафе игротека Слонче

Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.