Чиа семе – добра замена за јајца

Cia seme-moebebeЧиа семето или латински Salvia hispanica, се ситни црни-сиви зрна кои се плод од растение кое расте во Мексико и Гватемала и се дел од фамилијата на нане. Пребогато е со растителни влакна и антиоксиданти, кои се многу важни за енергија и виталност на телото и мозокот на човекот. Содржи голем процент на протеини -14% што е многу во споредба со други растенија.

Помага при намалувањето на тежината, го активира лачењето на гликоген, кој е многу значаен за согорување на мастите. Нутриционистите го препорачуваат на спортистите, бидејќи дава енергија и позитивно делува на работата на мускулите. Ова семе содржи 37% растителни влакна кои ја стимулираат работата на цревата, значи одлично делува на системот за варење.

Чиа семето содржи и омега 6 масни киселини и антиоксиданси ( само еден грам од семето содржи 4 пати повеќе од свежи боровинки), кои се важна храна за мозокот.

Пребогат е со калциум, затоа се препорачува за луѓе со остеопороза. Ги штити коските и помага во спречување на болести на коските. Ако сакате да имате здрави и цврсти заби, треба да го консумирате. Има шест пати повеќе железо од спанаќот.

Се препорачува за дијабетичари, го стабилизира шеќерот во крвта, го намалува лошиот холестерол и триглицеридите во крвта.

Слично како и лененото семе, чиа семето може да се користи како замена за јајца во традиционалните рецепти за леб и колачи. Ова е многу корисно за сите оние кои имаат нетолерантност кон јајца, или едноставно не користат јајца во својата исхрана. Само промешајте 1 лажица чиа семе (цели зрна или мелено) со 3 лажици вода и по 10-15 минути ќе добиете текстура налик на гел, слична на белките од јајцата.

Рецепт: Крекери со чиа семе и ленено семе

Кафе игротека Слонче

Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.