Викендов саем за деца во Скопје Сити Мол

FlaerСаем за деца и родители во Skopje City Mall од петок до недела

 Skopje City Mall овој викенд е совршено место за целото семејство: Саем за деца и родители со многу попусти и забава

Брзиот начин на живот и модерното секојдневие направија родителите да имаат многу помалку слободно време да се дружат со своите деца, заедно да спортуваат и да се забавуваат. Денешните деца своето слободно време од денот го поминуваат на компјутерите и своите паметни телефони, а родителите се обидуваат на секаков можен начин преку насмевка и игра да им го разубават викендот и да им ги „влеат во крвта“ спортувањето и забавата на своите најмили. Токму забавата, дружењето, арт и крафт работилниците, спортските активности, пеењето, танцувањето, наградите, заедничките игри помеѓу децата и родителите, како и големите неверојатни попусти во продавниците, ќе бидат во фокусот овој викенд, од петок до недела (20-ти до 22-ри ноември), во Skopje City Mall, каде ќе се’ одржи 6-от по ред Саем за Деца и Родители.

Илјадниците насмевки, расположените семејства и детскиот џагор се гаранцијата која ја нуди веќе традиционалниот саем, кој оваа година нуди многу новитети кои го прават нашиот најголем мол омилена дестинација за децата и родителите овој викенд.

Сите посетители од 18:00 часот во петок, па се до 18:30 часот во недела ќе имаат шанса да креираат и да научат многу нови работи преку Art & Craft центарот, каде децата ќе бидат во улога на мали конструктори и ќе имаат шанса да креираат и преку забава да научат за вселената, градежништвото, сообраќајното моделарство, роботиката и природата.

На музичката и денс сцена, најмалите со своите родители ќе имаат неверојатна шанса од прва рака да се запознаат со Едукативната патека од Маврово која овој викенд е преселена во Skopje City Mall и истата организира голема наградна игра за секој посетител. Музичките и танцовите шоуа секогаш се вистинско уживање за децата кои ќе можат овојпат да проследат настапи на неколку училишта за музика и танц, а планирани се и гостувања на познати музички ѕвезди кои засега се кријат во тајност.

Омилените детски ликови, Маша и Медо, заедно со својата Весела училница ќе бидат вистински хит, додека семејните натпревари за деца и родители како штафета, игра за најпрецизните, погоди го „твоето дете“ и многу други гарантираат дека Skopje City Mall ќe биде омилената дестинација за сите родители и деца овој викенд. За време на Саемот за Деца и Родители ќе биде присутна и Мече Болница, меѓународен проект од едукативен карактер, создаден од медицински студенти, а целна група се децата, особено оние од предучилишна возраст. Секое дете има можност, својата кукла – мече, да ја однесе во импровизирани медицински оддели (амбуланта, хирургија, лабораторија и аптека), каде се извршуваат лекарски прегледи и медицински зафати.

Сите посетители, освен огромната забава, наградните игри и изненадувањата, ќе имаат можност да ги уживаат големите попусти за време на 6-от Саем за Деца и Родители и до 50 отсто во продавниците за детска облека, производи и играчки.

Flaer nadvoresna Flaer vnatresna

Кафе игротека Слонче

Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.