Поучна приказна: Тато, дај ми 50 денари!

Father-and-Son„Еден човек се вратил доцна од работа, како и секогаш изморен и нервозен, а на вратата го пречекал неговиот мал син.
– Тато, може ли да те прашам нешто?
– Се разбира, што има ?
– Ти каква плата добиваш ?
– Тоа не е твоја работа … – намуртено одговорил таткото,
– и зошто ме прашуваш такво нешто?
– Само сакам да знам, те молам, кажи ми, колку пари добиваш за еден час?
– Штом толку сакаш да знаеш – 100 денари…
– О .. – детето се замислило – Тато, може ли да ми дадеш 50 денари?
– Знам, сакаш пари од мене, за да си купиш некоја глупава играчка или некоја друга глупост – се налутил таткото –  И заминувај во соба на спиење! Како може да си таков егоист! Јас работам по цел ден и сум толку уморен, а ти ме прашуваш такво нешто…
Детето тивко си заминало во својата соба и ја затворило вратата.
Таткото седнал да се одмори, и иако бил лут, се замислил на прашањето што му го поставил синчето. По околу еден час, веќе доста порелаксиран, се запрашал за парите кои ги побарало детето… Тоа беа само 50 денари, а и не се случувало често детето да му бара пари.
Таткото отишол во собата.
– Спиеш ли? – прашал тој.
– Не тато, само лежам – одговорило момчето.
– Жал ми е, имав тежок ден и повторно постапив доста грубо со тебе – рекол таткото – Еве, земи ги парите, за кои ме замоли.
Детето се насмевнало.
– О, тато, ти благодарам! – Радосно викнало тоа и потоа од под перницата извадило уште неколку стуткани банкноти. Гледајќи дека детето има уште пари, таткото повторно се намуртил. а малиот ги собрал банкнотите, внимателно ги преброил и погледнал кон татко си.
– Зошто ме молиш за пари, откако веќе си имаш? – Прашал таткото.
– Бидејќи немав доволно. Но, сега веќе ќе ми стигнат. – Одговорило детето – Тато, тука се само 100 денари. Може ли да се купи еден час од твоето време? Те молам, дојди си утре порано од работа, бидејќи многу сакам да вечераш заедно со мене и мама.
Таткото бил скршен. Тој го прегрнал својот син и го замолил за прошка.

Ова е само едно потсетување за сите нас кои голем дел од времето и енергијата ја трошиме за работи кои не се најважни во животот… Брзото темпо на живеење, како и борбата за опстанок, не тера да бидеме изморени, нервозни, недружељубиви, и така за жал, немаме време за ништо друго, освен за работа и само работа. Времето си поминува, но треба да го поминуваме со оние кои ги сакаме и не сакаат. Во животот, ниту парите, ниту работата, ќе не направи среќни и задоволни, љубовта и убавите мигови поминати со саканите оставаат белег на секое срце кое ќе живее исполнето со живот!

Кафе игротека Слонче

Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.