Опасностите од внесување на премногу калциум (Ca)

Ca od mlekoКалциумот е од суштинско значење за здравјето на човекот. Факт е дека калциумот во човечкиот организам потребен е за градење и за одржување на коските и забите здрави, а со тоа игра важна улога во намалување на ризикот од остеопороза.

Сѐ поголем број на истражувања покажуваат дека секој кој консумира повеќе од  1.000 – 1.200mg на калциум дневно, особено во форма на додатоци, има зголемен ризик од појава на мозочен или на срцев удар. Особено важно е човекот да внесува храна богата со витамин Д, за да може полесно да се апсорбира калциум во ткивата. Вишокот на калциум може да предизвика голем број на аномалии кои вклучуваат нарушувања на расположението, болка во мускулите, камен во бубрезите, болки во стомакот и во крајна линија може да биде закана не само за срцето, туку и за мозокот.

Некои студии покажуваат дека оние луѓе кои калциумот го внесуваат преку консумирање на поголеми количини на млечни производи, се изложуваат на зголемен ризик од појава на рак на простата.

Една студија од страна на Центарот за истражување во Хајделберг заклучила дека зголемениот внес на калциумот во исхраната не може да биде корисен за срцето, така и зголемениот внес на додатоци на калциум може да го зголеми ризикот од срцев удар.

 

Кафе игротека Слонче

Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.