На Детската клиника во Скопје примени 5-6 годишни деца со предвремен пубертет

ran pubertet kaj decaДваесетина деца со предвремен пубертет во моментот се пациенти на Клиниката за детски болести. Сите се на возраст од пет и шест години и најголем број од нив се женски. На одделот за ендокринологија специјалистите им одредуваат терапија и ги бараат причините зошто девојчиња кои уште не тргнале на училиште имаат менструален циклус.  Со вакви симптоми било и новороденче, но за него лекарите велат дека е од генетска природа.

– Родителите се испаничени, мислат дека крварењето е од нешто друго, но сепак, се одредува терапија бидејќи кај вакви деца може да дојде до проблеми со растот и развојот па може да останат ниски, вели Аспазија Софијанова директор на Клиниката за детски болести

Лекарите велат дека бројот на деца со предвремен пубертет расте сегде во светот. И Македонија го следи тој тренд. Порано овие симптоми биле занемарувани и многу често не е поставена вистинската дијагноза. Сега педијатрите се решени сериозно да се занимаваат со оваа проблематика. Изворот за предвремен пубертет не го нзе никој. Но храната има големо влијание.

– Секако дека конзервираната храна има големо влијание, потоа пилешкото месо и многу јадење на јајца кои се хормонски извор. Мора да се внимава што се јаде, вели Софијанова

Времињата се менуваат, па според педијатрите се намалува и возрасната граница за влегување во светот на возрасните. Порано пубертетот почнуваше по 11-тата година. Сега децата добиваат срамни влакненца и гради на 8 и 9 години.

извор: zdravstvo24.mk

 

Кафе игротека Слонче

Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.