Брeинобреин – поттикнување на генијалноста кај децата

1462997_1505593416416688_9119031278630101163_nКако да му помогнам на моето дете да израсне во сигурен човек? Како да го поттикнам да работи на себе со цел да умее да се снајде во целокупната динамика на живеењето, што се заканува со многу поголем товар во иднина отколку, сега, во времето што сега го живееме? Како да носи брзи и вистински одлуки, да знае да се снаоѓа во конфликтни ситуации?…

Уште милиони други слични прашања ги окупираат родителите, кои свесни за динамиката на живеењето, сакаат и чувствуваат потреба да му помогнат на своето дете побрзо да се осамостои, да научи како функционира, да создаде основа за соодветен интелектуален развој.
Одговорот постои! Станува збор за соодветна детска едукација и тренинг, за развој на моторните, јазичните, когнитивните способности кај деца од 4 до 14 години, наречена Бреинобреин Кидс (Детска академија, приватно лимитирана сертифицирана- ISO 9001:2000) , во Македонија достапна од 2010 година.

-Мојата ќерка ги посетува курсевите „Литл Боб“, за деца од претшколска возраст во Бреинобреин Кидс-Гази Баба. Она што кај нејзе уште после првите два месеци го забележав беше желбата за да учи и да не пропушти ниту еден час. Има 5,5 години и секогаш кога ќе ја прашав како е на часовите, таа со задоволство ми објаснуваше дури и на англиски, за начинот на кој учеа да собираат и одземаат, суптилно и ненаметливо, но истовремено со целосна активност на моториката, говорот, вежби за помнење. Овој курс е вистинска инвестиција во моето дете, вели мајка на ученичка во Бреинобреин Кидс-Гази баба.

Што всушност е Бреинобреин?
Бреинобреин курсевите се образовна програма, која со посебни методи и техники овозможува да се реализира целокупниот мозочен капацитет. Браинобраин курсевите како академска образовна програма, се базираат на Абакус Ментална Аритметичка едукација користејќи го ВАК методот на учење и Невро Лингвистичко Програмирање – НЛП техники за развој на личноста на детето.

Бреиобеин курсевите се концепирани во 10 нивоа за децата кои се на возраст од 6 год. до 14 години и 12 нивоа за деца од 4 год. до 6 годишна возраст. Секое ниво трае 3 месеци односно 12 Бреинобреин часа од по 120 мин, и 4 месеци односно 16 часа за деца од 4 до 6 години. Во текот на курсевите се користат оригинални книги и работни материјали од Бреинобреин Кидс ЛТД- Меѓународната Детска Академија.
Динамиката на Браинобраин курсевите е програмирана и поделена според возраста. Групите бројат од 4 до 14 деца, а часовите се одржуваат еднаш неделно со време траење од 90-120 минути, во термин договорен при уписот. Но, она што е важно е дневно да се вежба со децата околу 15-тина минути.
Целта на изучување на оваа програма е развој на вештини и синхронизирана употреба на функциите на двете хемисфери на мозокот (брзо и ефикасно учење зголемувајќи ја концентрацијата, фокусот на внимание, меморијата, визуализацијата, имагинацијата, самодоверба и лидерски вештини) кој остануваат низ целиот живот.

Создавање на личност подготвена за предизвици
Користејќи го абакусот (стара математичка сметалка ) заедно со ВАК методoлогијата (визуелно, аудитивно и кинестетичко примање на информација) се постигнува брзо и ефикасно учење преку зголемување на концентрацијата, фокусот и меморијата. Децата се здобиваат со вештини и способности како визуализација, фотографска меморија, напредни математички вештини, имагинација. НЛП техниките пак, ги потикнуваат и зајакнуваат личните квалитети како: самодоверба, самосвесност, насочено однесување, лидерски вештини, креативност, самодисциплина.
Физичките и забавните активности на Браинобраин часовите ги зајакнуваат мозочните функции: брзина на процесирање на информации, визуелни, аудитивни, слушачки способности. Уникатноста на програмата е и во посебните услови во кои се изведува наставата, а тоа е релаксирачка, забавна и креативна атмосфера каде позитивните емотивни односи се најважни.
Браинобраин програмата го подобрува функционирањето на детскиот мозок – кусо кажано се буди “заспаниот” потенцијал кај децатa – се потикнува генијалноста.

12541037_1503094413333255_5001870020581959565_n

Кафе игротека Слонче

Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.