До кога бебето треба да прооди

Prooduvanje Во првата година од животот бебето расте и се развива прилично брзо, неговата физичка активност се зголемува и од ден за ден учејќи од средината во која што живее, започнува да седи, да се превртува, да лази, да стои. Многу деца започнуваат да стојат самостојно уште од 9 месечна возраст, но секако ова е индивидуално и зависи од самиот темперамент на детето, неговата мускулна сила, координација, рамнотежа. Сето ова се учи и се додека детето учи нови работи, Вие не треба да бидете загрижени.

Најчесто првите чекори бебињата ги прават во периодот помеѓу 9 -тиот и 12 -тиот месец, но секако нема место за паника и доколку на Вашето дете му треба малку повеќе време да се опушти и осмели само да зачекори.

Некои деца не одат и на 16 или 17 месеци и ова се зема за нормално. Ако Вашето бебе започнало малку подоцна да се превртува, лази или стои, шансите дека подоцна ќе прооди се најголеми. Но, ако Вашето дете не прооди до 18 месеци, појдете кај својот педијатар, каде сигурно ќе процени дали моториката и развојот на говорот се развиваат по некој нормален тек. Ако е потребно ќе ве упати на специјалстички преглед.

 

Кафе игротека Слонче

Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.