ФЗОМ воведе нови услуги: електронски барања за боледување и породилно отсуство и извештај за привремена спреченост за работа

132602805-16248Фондот за здравствено осигурување воведе две нови електронски услуги: 1. Електронска услуга за издавање на предлог за комисиско продолжување на боледување (ПСР) и извештајот за спреченост на работа (ИСР). 2. Електронска услуга за поднесување на електронско барање за остварување на надомест за плата, право на боледување и породилно отсуство.

Со првата електронска услуга се овозможува матичните лекари, користејки го порталот на Фондот, да може да издаваат предлог за комисиско продолжување на боледување (ПСР) и извештај за спреченост на работа (ИСР) за своите пациенти, по електронски пат и на тој начин да ги заменат досегашните хартиени обрасци. Бенефит од оваа електронска услуга ќе имаат осигуреници и матичните лекари затоа што се исфрла хартијата од употреба за оваа намена. Електронски пополнетите барања за предлог за комисиско продолжување на боледување и извештај за спреченост на работа ќе формираат елкетронска база на податоци во Фондот, која ќе им овозможи увид на лекарските комисии во оваа документација. Осигурениците веќе нема потреба да ги носат овие документи во хартиена форма во подрачните служби, туку матичните лекари тоа ќе го прават електронски.

Втората електронска услуга е електронското барање за надомест на плата по основ на боледување и породилни отсуства. Со оваа нова електронска услуга ќе дадеме привилегија и на осигурениците и на овластените лица од фирмите и ќе се замени класичното доаѓање во подрачните служби на Фондот.

Овластеното лице од компанијата кое поднесува барање за боледување, само да ја впише трансакциска сметка на вработениот. Сите останати документи ги имаме во електронската база на податоци на Фондот. Со овие услуги се затвора кругот на цел процес на електронско работење во делот на боледувања. Бенефит ќе почувствуваат сите граѓани кои имаат потреба од надомест на плата и боледувања, компаниите каде работат овие лица кои електронски ќе поднесуваат барање за нивниот вработен, што беше и барање на самите компании, а и матичните лекари затоа што веќе нема потреба да пополнуваат хартиени обрасци, туку сите податоци стануваат електронски достапни.

Законските основи за оставарување на правото на надомест на плата се:

  1. Болест и повреда надвор од работа;
  2. Повреда на работа и професионално заболување;
  3. Лекување и медицинско испитување;
  4. Негување на болно дете до тригодишна болест;
  5. Негување на болен член на потесно семејство над тригодишна возраст, но најмногу до 30 дена;
  6. Неопходно придружување на болно лице упатено на преглед или лекување надвор од местото на живеење;
  7. Неопходно придружување на болно дете до тригодишна возраст додека е на болничко лекување, но најмногу до 30 дена;
  8. Доброволно давање на крв, ткиво или орган и
  9. Изолираност заради спречување на зараза
Кафе игротека Слонче

Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.