Ризик од внесување на Зика вирусот и негово ширење во Европа

download (3)Информации за актуелната состојба со зголемениот број случаи на Зика вирусот
Од мај 2015 година, вирусот на болеста Зика – нова вирусна болест која се пренесува со каснување од комарец (Aedes) се шири во Јужна и Централна Америка и Африка. По првите пријавени случаи во Бразил, повеќе од дваесет земји и територии во Јужна и Централна Америка се соочуваат со локална трансмисија, заклучно со јануари 2016 година. Последното појавување на вирусот беше пријавено во Африка, Азија и Океанија.
Од почетокот на 2015, бразилските јавноздравствени власти евидентираа речиси 4 000 сомнителни случаи на микроцефалија кај новороденчиња родени во областите каде што циркулира вирусот Зика и 49 смртни случаи. Здравствените власти во моментов испитуваат дали постои поврзаност меѓу зголемиот број случаи на микроцефалија кај доенчињата и инфекцијата на мајките со Зика вирусот, но доказите се сѐ уште неубедливи.

Клучни пораки

  • Како што вирусот на болеста Зика продолжува да се шири низ државите на Јужна и Централна Америка и Карибите, се зголемува ризикот патници заразени со Зика вирусот да влезат во Европа.
  • Увезени случаи на инфекции со Зика вирусот се пријавени во неколку европски земји.
  • Можен е натамошен пренос на Зика вирусот со увезени случаи во европскиот регион затоа што видовите на комарец (Aedes) кои ја пренесуваат болеста постојат во некои европски земји, особено во оние кои излегуваат на Средоземното Море.
  • Ризикот од пренос на инфекции со Зика вирусот во Европа за време на зимскиот период од годината е исклучително низок затоа што климатските услови не се соодветни за активноста на комарецот (Aedes).
  • Со доаѓањето на пролетта и летото, се зголемува ризикот од пренос на вирусот на болеста Зика во европските земји каде постојат видови на комарецот (Aedes), бидејќи комарците наоѓаат подобра почва во потопли временски услови.

Совети од СЗО

  • Врз основа на расположивите докази, СЗО не препорачува никакви ограничувања на патувањата или трговијата во врска со болеста предизвикана од Зика вирусот.
  • Како мерка на претпазливост, владите на некои држави можат да им дадат на своите граѓани препораки во врска со јавното здравје и патувањата врз основа на направени проценки на фактите со кои располагаат и на локалните фактори на ризик.
  • Лицата кои патуваат кон високоризични области а особено бремените жени, треба да преземат основни мерки на претпазливост за заштита од каснувања од комарци.
  • Лицата кои патуваат кон високоризични области треба да се заштитат од каснувања од комарци со употреба на инсектициди, носење блузи или кошули со светли бои и долги ракави и пантолони, и поставување мрежи кои ќе спречат влез на комарци во собите. Овие мерки треба да се применуваат во текот на целиот ден.
  • Не постојат убедливи докази за поврзаноста меѓу зголемениот број случаи на новородени со микроцефалија и инфицираноста на нивните мајки со Зика вирусот. Сепак, особено бремените жени или оние кои планираат да забременат треба да преземат дополнителна заштита да се заштитат од каснувања од комарци и да ги консултираат нивните локални здравствени власти доколку патуваат кон област во која во моментов има зголемен број случаи на инфекција со Зика вирусот.

Одговорот на СЗО

  • СЗО соработува со државите на планот на подобрување на капацитетите на лабораториите за детекција на вирусот, дава препораки за лекување на заразени пациенти, повикува да се следи состојбата и да се пријавува евентуалното ширење на вирусот и ги зајакнува програмите за контрола на вектори. СЗО исто така се координира со државите кои имаат пријавено зголемен број случаи на Зика вирусот и со други партнери со цел да се испита потенцијалната поврзаност меѓу вирусот и микроцефалијата.
  • СЗО ги советува европските земји да се подготват да го детектираат и да се справат со патниците инфицирани со Зика вирусот кои доаѓаат од заразените подрачја.
  • Земјите каде што комарците (Aedes) се присутни треба исто така да бидат подготвени да се справуваат со ризикот од ширење на болеста предизвикана од Зика вирусот. Ова ќе придонесе за намалување на присутноста на комарците (Aedes)и ризикот од ширење на Зика во регионот.

Клучни факти за болеста предизвикана од Зика вирусот

  • Зика вирусот се пренесува на луѓе преку каснување од страна на заразен (Aedes) комарец – истиот вид комарец преку кој се шират болестите денга и чикунгунија.
  • Еден од четири лицата заразени со Зика вирусот манифестираат симптоми од типот на блага треска, осип на кожата и конјунктивит. Овие симптоми вообичаено траат од 2 до 7 дена.
  • Многу мал број на лица можат да развијат компликации (како Гијен-Бареовиот синдром) по инфекција со Зика вирусот.
  • Сознанијата се ограничени за други можни правци за пренос вклучувајќи го преносот по сексуален пат, преку крв и пренос од мајка на дете.
  • Во моментов не постои конкретно лекување ниту вакцина против Зика вирусот.
  • Најдобрата форма на превенција е заштитата од каснувања од комарци.

извор: www.zdravje2020.mk

Кафе игротека Слонче

Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.