Решение за децата кои се разболуваат често

bs_tenwaystohealth_3Кога започнува зимата еден од најголемите нервози кај родителите е честото разболување на децата. Вируси, настинки, инфекции, бактерии во нос и грло, постојано растечен нос, кашлање, болка во уво, црвено грло, високи температури …Некои деца се поотпорни на болести, но најголем број на дечиња, на жалост се под антибиотска терапија, која и тоа како го намалува имунитетот на детето.

Кога инфекциите ќе почнат да се редат една по друга, нема крај. Кога еден испиен антибиотик не помага, најчесто се препишува некој појак, кој веќе ги фрла во очај родителите барајќи спас за своето дете, шетајќи по хомеопати, пиејќи многу сирупчиња на природна база, мулти витамини (кои повеќето се испробани).

Лекарите препорачуваат да јадеме многу овошје и зеленчук и да пиеме цедени природни сокови. Во денешно време многу мајки прават различни „смути“ комбинации кои и тоа како се здрави за секој кој редовно ги пие.

Оние кои во секојдневната исхрана користат многу овошје и зеленчук, во многу мал процент боледуваат од срцеви заболувања, рак и други тешки болести, а исто така имаат и поквалитетен и подолг живот. Од Американскиот институт за истражување на ракот и од Американското здружение за срцеви заболувања тврдат дека потребно е барем 6 пати дневно да се јаде овошје и зеленчук. На жалост, мал процент на луѓе го прават ова.

Овошјето и зеленчукот кое го купуваме по маркетите се бере зелено, за да се транспортира без да скапе и на крај да се фрли непродадено. Зелените овошки предвреме собрани ги немаат потребните фитонутриенти (имаат важна улога во градење на имуниот систем, помагаат при болести со срце, алергии, болести поврзани со крвниот притисок и холестеролот, болести со крвните садови, зглобови, мускули, главоболка, депресија…) кои се создаваат при крај на созревањето.  Ако додадеме на ова и дека дополнително се готви, замрзнува, конзервира, се додаваат адитиви за подобрување на вкусот…заклучуваме дека јадеме храна која содржи многу малку корисни состојки.
Мајките што искусиле го споделуваат следново и се надеваме дека ќе им помогне уште на многу дечиња:

  • Детето ми се разболуваше често, пиеше постојано антибиотик, имунитетот му беше нула. Што сѐ не пробавме, но откако почнавме да ги користиме „ Forever kids“, мултивитамините, Aloe Berry Nectar (Нектар од алое вера и црвени боровинки), како и матичниот млеч, детето ми се препороди, дури му се подобри ѝ апетитот.

 

Кафе игротека Слонче
Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.