Покана: Стручно предавање за аутизам

images (2)Под покровителство на општина Карпош, во вторник (09.02.2016), со почеток во 11 часот, во Кинотеката на Македонија, претседателот на здружението „Будење“, Марко Ферек од Хрватска, ќе одржи предавање на тема: АДХД, синдром на недостаток на внимание и  хиперактивност.  Стручното предавање за третман  на лица со аутизам, АДХД и Аспергов  синдром, ќе се реализира во соработка со ООУ „Владо Тасевски“,   на иницијатива  на Здружението на граѓани „Во мојот свет”.

Ве  покануваме, заедно  со вашите стручни служби од општинските основни училишта и ЈУОДГ, дефектолози, педагози, психолози, комисии и други стручни лица од оваа сфера, да бидете дел од оваа манифестација. Се надеваме дека ќе се здобиете со корисни информации и практични совети за :

-Симптомите за АДХД;

-Прифаќање на ученици со АДХД;

-Методи и техники за работа со ученици со АДХД и поттикнување на нивната самодоверба.

Кафе игротека Слонче

Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.