Чоколадите Марс се повлекуваат од европскиот пазар, во Македонија безбедни се за јадење

Чоколадото Марс се повлекува од Европскиот пазар. Во повеќе од 55 земји, производителот на популарните чоколади Марс започна масовно да ги повлекува своите производи, откако минатиот месец еден германски потрошувач во чоколадо најде парче пластика. Чоколадото било произведено во јужниот град Вегхел, во Холандија.

Портпаролот на Марс, Холандија излезе со изјава: „Ние не можеме да бидеме сигурни дека оваа пластика ја имало само во ова чоколадо Сникерс, ние не сакаме да има наши производи на пазарот кои не можат да ги исполнат нашите барања за квалитет, па затоа решивме да ги повлечеме сите назад“.

Во повлекувањето се вклучени само производи произведени во холандската фабрика. Таа опфаќа главно земји во Европа. Производителот предупредува дека сите чоколади Марс и Сникерс со рок на трење од 19 јуни 2016 година до 8 јануари 2017 година не би смеело да се козумираат. Исто така, на листата сомнителни производи се Милки Веј Минис и Селебрејшн на кој се наоѓа истиот рок на траење. На потрошувачите во Германија им се препорачува наведените чоколади и благи продукти да не ги козумираат, а ако купиле некои со овој рок на траење, да ги контактираат службите на Марс. Компанијата е се уште без соопштение за финансиската загуба.

Марс е еден од најголемите светски компании за храна, со 29 чоколадни брендови, каде освен Марс, Сникерс, Милки Веј, ги вклучува и М & М, Галаксија, Твикс, Баунти и Mалтесерс. Тука ги вклучуваме и мастиките за џвакање Вригли, чичко Бен Рајс, Долмио сос за тестенини и храна за домашни миленици.

На Македонскиот пазар, Агенцијата за храна и ветеринарство излезе со изјава дека чоколадите од оваа компанија се безбедни дека агенцијата е во тек и ги следи информациите за повлекувањето на дел од овие производи.

Доколку  добие нотификација преку Системот за брзо предупредување за храна и храна за животни (Rapid Alert System for Food and Feed) на Европската Унија дека небезбедни производи од овој производител се наоѓаат на македонскиот пазар, Агенцијата за храна и ветеринарство ќе постапи соодветно и истите ќе ги отстрани од пазарот.

 

 

 

Кафе игротека Слонче

Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.