Водич за забременување

Одлуката да се има бебе е една од најважните одлуки во сечиј живот и откако сте ја донеле таа одлука, ќе сакате се да оди како подмачкано. Тоа што ќе ви се врти постојано низ глава е Кога се моите плодни денови? Прочитајте ги сите работи кои жената треба да ги знае за овулацијата преку нашиот водич за забременување кој е објаснет чекор по чекор.

1 чекор: Колку трае менструалниот циклус?

Просечниот менструален циклус на една жена трае 28 дена, со овулација на 14 тиот ден. Периодот од првиот ден на последната менструација до овулацијата (14-тиот ден) се вика прва фаза (естрогенска фаза). Периодот од овулацијата до наредната менструација се вика втора фаза (прогестеронска фаза). Двете фази траат подеднакво. Но, секоја жена е различна. Има голем број жени чиј менструален циклус трае пократко или подолго, но тоа не е никаков знак дека жената е помалку плодна.

2 чекор: Што се случува пред овулацијата?

Во првата фаза (пред – овулациона фаза) на менструалниот циклус, во јајниците се лачат половите хормони (естроген и прогестерон), чие лачење е регулирано од хормоните на хипофизата – фоликулостимулирачки хормон (FSH) и лутеинизирачки хормон (LH). Во првата фаза во јајниците почнуваат да растат по неколку фоликули (цисти во кои се наоѓаат јајце клетките) каде под влијание на хормонот естроген јајце клетките почнуваат да созреваат. Една од овие фоликули ќе остане жива, (ако останат повеќе тоа значи повеќе кратна бременост) во која ќе се создаде отвор од каде се ослободува зрелата јајце клетка. Ослободувањето на јајце клетката се вика овулација.

3 чекор: Што се случува за време на овулација?

Јајце клетката преку јајцеводите патува до матката, а сперматозоидите преку грлото на матката се движат во јајцеводите. Фоликулот од каде излегува јајце клетката трпи промени каде се формира хормонска структура која се нарекува жолто тело во кое почнува да се лачи хормонот прогестерон.

4 чекор: Што се случува после овулација?


Кога ќе се сретнат јајце клетката со сперматозоидот, (втората-прогестеронска фаза) може да дојде до нивно спојување само поради некоја привлечна сила која ја има јадрото на јајце клетката и тогаш се формира зигот и обезбедува стимулус (импулс) кој го започнува развитокот на ембрионот. Вака оплодената јајце клетка патува 3-4 дена до матката каде и се вгнездува. Ако не се оплоди јајце клетката се намалува лачењето на прогестеронот каде на денот на менструацијата лигавицата од матката се исфрла од телото преку крварење.

5 чекор: Како може да знам кои се симптомите на овулација?

Некои жени знаат да си го читаат своето тело и го чувствуваат периодот на овулација. Најчести знаци се преку секреција од вагината во вид на леплив, густ, еластичен исцедок, болка во јајниците, напнатост во градите и засилен осет за мирис. Многу жени имаат засилена желба за секс неколку дена пред овулацијата.

6 чекор: Колку долго се живи јајце клетката и спермата?

Јајце клетката живее 12-24 часа, а сперматозоидите 5-7 дена.

7 чекор: Можам да забременам само ако имам секс на денот на овулација?

Не. Сперматозоидите може да живеат до една недела после овулацијата, тие живи се наоѓаат во јајцеводите, каде при овулација може да ја оплодат јајце клетката. Истражувањата покажуваат дека дури и ако имате секс 6 дена пред овулацијата може да настане оплодување.

8 чекор: Кога треба да имам секс?

Не треба да го темпирате денот кога ви е овулацијата, наместо тоа да го правите, треба да имате секс неколку пати неделно во периодот на овулацијата. Тогаш се најголеми шансите за бременост.

9 чекор: Што треба да направам после сексот за да ги зголемам шансите за зачнување?

Не треба да се превзема ништо посебно, се препорачува лежење 20-30 минути после секс, за да може сперматозоидите да го поминат патот до матката.

10 чекор: Зошто мислам дека е многу тешко да останам бремена?

Здрава жена со дваесет и нешто години има само една шанса од три шанси во текот на еден месец да забремени. Кога ќе влезе во триесеттите години, а особено после 35-та година овие шанси нагло се намалуваат. Сепак, не заборавајте дека 1 од 7 двојки не забременуваат обидувајќи се во периодот од една година, но половина од нив ќе забременат во наредната година, без третман за плодност.

Кафе игротека Слонче

Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.