Денес е Благовец, се дупнуваат ушите на малите деца

75D166040D94EF428EB72C6CECAE37E2Денес е Свето Благовештение, празник кој меѓу народот е познат како Благовец, Благоец, Блошчојне. Овој христијански празник секогаш е на 7 април, се смета за тежок празник, па многу верници не работат на овој ден. Овој празник го најавува доаѓањето на Велигден поради што се вели: „Благовец, прв Велигден“.

Овој ден е благ ден, на кој според некои сведоштва Архангел Гаврил и ја пренел радосната вест на Богородица дека во утробата носи божји син, затоа со Благовец е поврзано народното верување дека раната не боли, па затоа на малите деца им ги дупнуваат ушите за обетки.

Овој ден се смета и за ден на мајките, затоа што Богомајката Богородица е заштитничка на сите мајки кои зачнале и станале мајки. Тоа е ден на мајката која дала нов живот. Тогаш децата и благодарат на мајката, ја гушкаат и и даваат дарови во знак на љубов, почит и внимание. Мајките, пак, ги благословуваат децата и тие да имаат свои рожби и радости.

Со Благовец се поврзани  и многу други верувања. Доаѓањето на птиците преселници, штркот, ластовицата, кукавицата, пупунецот, славејот и др. Се верува дека тие ќе дојдат на овој ден дури и да врне снег. Денес засадените тикви ќе бидат многу благи, змиите излегуваат од своите дупки и никогаш не касаат на Благовец, се јаде риба, се подготвува богата посна трпеза.

Денес слават именден: Благоја, Благојка, Баже, Блаже, Блага, Благица, Благородна, Родне…

Кафе игротека Слонче

Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.