Volvo Cars лансира безбедни, удобни и комфорни детски седишта

volvo kidsБезбедноста на сите патници во автомобилите на Volvo Cars е врвен приоритет на компанијата. Затоа, компанијата на пазарот лансира три нови детски седишта, со фокус на безбедноста, удобноста, комфорот и дизајнот.

Volvo Cars е првиот производител на автомобили кој активно ги тестира детските седишта преку тестови за симулација на сообраќајни несреќи уште во почетокот на 60-тите години од минатиот век.

„Разбираме дека многу луѓе се загрижени за безбедноста на децата во автомобилот. Тоа е комплексна тема. Со години сме фокусирани да продуцираме јасни упатства за начинот на употреба на детските седишта, односно како да се користат и како правилно да се инсталираат“, вели Лота Јакобсон, помошник асистент и технички лидер за заштита од повреди во Volvo Cars Центарот за безбедност.

Сепак, според Јакобсон, учењето на родителите како да го инсталираат и како да ракуваат со детското седиште е една работа, додека задржувањето на детето во седиштето е сосема друга работа, посебно кога детето ќе потпорасне.

“Нашиот фокус е да се осигураме дека децата патуваат на најбезбедниот можен начин, во зависност од нивната возраст и висина. Ова значи дека деца од 3-4 години потребно е да седат позади, а потоа потребно е детското седиште да има засилувачко перниче со висина до 140 сантиметри. Безбедносните придобивки се несомнени, но сепак, многу родители дозволуваат децата да седат напред премногу рано. Една од причините зошто седат напред е удобноста, бидејќи децата се жалат дека немаат доволно простор за нозете или дека премногу е топло во седиштето”, вели Јакобсон.

Новите модели на детски седишта се направени од многу поудобен материјал, составени од 80% волна, со што седиштето е нежно на допир и високо удобно и во зима и во лето.  Овие седишта, исто така, имаат потенок дизајн за да се зголеми просторот за нозете, како и за подобрување на целокупната удобност.

“Веруваме дека децата ќе се чувствуваат многу поудобно во овие ново дизајнирани задни седишта и дека ова ќе ги охрабри родителите да ги задржат своите деца на задно седиште подолг временски период. Ова ќе има директно влијание на целокупната детска безбедност и би ја подржало нашата Визија 2020, каде никој нема да биде загинат или сериозно повреден во Волво автомобилите до 2020 година”, додава Јакобсон.

Новите седишта се дизајнирани да им излезат во пресрет на децата од различна возраст и висина:

– задно седиште (до 13 килограми или 1 година)

– задно седиште за деца од 9 месеци до 6 години (барем 3-4 години препорачано од Волво)

– седиште напред за деца кои го пораснале задното седиште (од 3-10 години стари)

Volvo Cars продолжува да се фокусира на важноста децата да патуваат на задно седиште колку што е можно подолго. Новите седишта создадени од еден од светските лидери за изработка на детски седишта Britax-Römer и тестирани во Волво центарот за безбедност во Готенберг, Шведска, ќе бидат достапни од почеток на следниот месец.

 

Кафе игротека Слонче

Скопски Маратон 2017

Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.