Ако стомакот ви е како лубеница, значи носите девојче

Многу идни родители со нетрпение чекаат да дознаат дали ќе имаат ќерќичка или синче. Радоста е голема, без оглед кој е полот на детето. Денеска со еден ултразвук може да се утврди полот на бебето, но праксата покажала дека не секогаш е точна оваа информација. Затоа постојат многу „бабини“ методи и предзнаци, знаења и предзнаења кои се пренесуваат од уста на уста, од „колено“ на „колено“ и  некогаш ја „кажуваат“ вистината.  Едно популарно толкување е дека стомак како шпиц е знак дека носите машко дете, а стомак во форма на лубеница е најверојатно знак за девојче.

Предзнаци кои укажуваат дека носите девојче:

  • ако во раната бременост сте имале мачнини
  • ако отчукувањата на срцето на бебето се околу 140 отчукувања во минута
  • сте се прошириле во колковите
  • ако левата града Ви е поголема од десната града
  • ако косата Ви добие црвенкаст сјај
  • стомакот личи на лубеница
  • јадете благо, овошје и пиете многу џус
  • ако имате многу чести промени во расположението
  • лицето ви станало нечисто и со мозолчиња (убавината Ви ја краде ќерќата)
  • ако не ги јадете корките од лебот
  • ако градите многу Ви се зголемиле
  • ако урината Ви е со темно жолта боја
Кафе игротека Слонче

Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.