„ПХАРМАС“ со кампања „Хранете се здраво за детство среќно и убаво“

2Хрватската фармацевтска компанија ПхармаС почна нова кампања за подигнување на свеста за здраво детство, насловена како „Хранете се здраво за детство среќно и убаво“, поддржана од ПРОБаланс.

Како продолжување на пролетната кампања „Немате време да бидете болни“, оваа есенска кампања е насочена кон едукација на најмладите и нивните родители како да се хранат здраво, што значи здравје и како да го одржуваат своето здравје.

„Низ едукација и интеракција со стручни лица и маскотата на компанијата ФармаСко, дечињата ќе добијат појасна слика што се бактерии и кои се добри, односно кои се лоши бактерии. На интересен и интерактивен начин ќе се претстават најзначајните „добри бактерии“ Lactobacillus и bifidobacterium, додека по едукацијата, дечињата преку боење и цртање, ќе претстават што научиле и како ја доживуваат маскотата ФармаСко“, вели Кирил Пецевски од ПхармаС.

Според заштитното лице на ПРОбаланс, Светлана Црнокрак, една од клучните работи во есенскиот период е потребата од континуирано одржување на здравјето и имунитетот.

„Периодот на променливи временски услови, како и подолгиот и зачестен престој во затворени простории, намалената физичка активност и нездравата исхрана се причините за појава на заболувања кај нас и особено кај нашите дечиња. Тоа резултира со намален имунитет и користење на антибиотици, но мое „оружје“ за одржување на здравјето на целото семејство е здравата исхрана, честите излети на свеж воздух, физичките активности и подобрување на имунитетот со комбинација од пробиотици, витамини Ц и Д како и минералот цинк“ вели Црнокрак.

1Таа додава дека „како мајка на дете кое оди во градинка се соочува со истите предизвици како и секој родител и затоа ги користи сите можни ресурси за одржување на здравјето“.

„Во оваа кампања акцент ставаме на здравјето на дечињата. Во пресрет на сезоната на настинки, вируси и намален имунитет, сакаме да ги едуцираме дечињата и нивните родители како сами можат да си помогнат и да го одржуваат своето здравје и кога се надвор од своите домови: во градинка, игротека или во други простори“, вели магистер Филип Ачкоски, регионален директор на ПхармаС за Македонија, Бугарија , Албанија и Косово.

Во наредните месеци, од страна на  стручните претставници на ПхармаС, заштитното лице и маскотата ќе се организираат едукативни средби и дружења со најмалите во предучилишните образовни установи низ Републиката, едукативни и информативни работилници, како и едукативни дебати и семинари кои ќе бидат отворени за целата јавност и за сите заинтересирани граѓани.

Кафе игротека Слонче
Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.