Зимскиот распуст за учениците продолжен е до 23 јануари

deca-na-snegu1Зимскиот распуст за учениците ќе биде продолжен за пет дена, односно наместо на 18 јануари распустот е продолжен до 23 јануари, ваква одлука донесе Комисијата за заразни болести. Ваквата одлука е прифатена и е донесена поради намалениот број на заболени деца од грип.

Епидемиолошките податоци за бројот на пријавени случаи на грип/заболувања слични на грип и лабораториски потврдените случаи на грип укажуваат на тоа дека неделниот број и понатаму се одржува над границата на многу висока активност. Намалениот број на случаи во споредба со претходната недела се должи на намалениот број на случаи кај децата од 5-14 години, што може да се објасни со почетокот на зимискиот распуст. Иако зимскиот распуст на училишта може да го ублажи интензитетот на ширење на грипот, сепак се очекува високиот број на случаи да се одржува и во наредните недели, грипосани граѓани од таа возраст.

Со цел да се намали бројката на грипосани граѓани од вечерва ќе се врши дезинфекција на јавните автобуси.

Кафе игротека Слонче

Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.