Започна сезоната на крлежи – внимавајте за првомајските празници

Пролетта е годишно време кога природата заживува со својот раскош, почнуваат да цветаат дрвата, да расте тревата, почнува да се чувствува свежина со цветен мирис во воздухот. Во овој период од годината има најмногу инсекти и бубачки кои дел од нив се отровни и опасни за луѓето.

За време на првомајските празници, доколку планирате да шетате и уживате во природа, бидете посебно претпазливи при игрите во трева, бидејќи постои ризик да бидете каснати од некоја оса, пчела, комарец или крлеж. Крлежите се едни од оние инсекти кои живеат исклучиво во трева, каде што има влага и топлина, лесно се закачуваат на крзна на животни, како и на влакна преку кои лесно влегуваат под кожата на човекот. Може да поминат денови без да се почувствува нивниот убод.

Како да се заштитите од крлежите – мерки за превенција

Крлежите можат да бидат носители на бактеријата Borelia burgdorferi која предизвикува Лајмска болест. Превенцијата е од суштинско значење, а тоа значи:

  • избегнувајте движења во влажни ливади со висока трева, шуми и пасишта.
  • секогаш облекувајте облека со долги ракави и светли тонови.
  • после престој во трева направете детален преглед на телото, особено во главата, бидејќи многу често крлежите се кријат во дрвјата кои можат да завршат во нечија коса. Ако најдете крлеж во кожата, најдобро е да побарате стручна медицинска помош. Ако тоа не е можно…

Во пролет заштитете ги децата од инсектиКако да си помогнете при убод на крлеж?

–          Земете пинцета претходно дезинфицирана со алкохол и многу внимателно пробајте да го извадите крлежот, без притискање, со нежно ротирање во насока на стрелките од часовникот и извлечете. Доколку останат делови од крлежот во кожата, се зголемува ризикот од инфекција предизвикана од телесните течности на инсектот. Доколку се појави голем оток со црвенило (отокот може да се зголемува) или доколку забележите симптоми на настинка (треска, главоболка, отечени лимфни жлезди, морници), мора веднаш да побарате помош од лекар.

Кафе игротека Слонче

Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.