Праксата кажа „НЕ“ на Кембриџ програмата, зошто МОН сака да ја воведе во средното образование?

Во септември 2014 година Македонија беше прва во регионот која го прифати предизвикот да воведе нова образовна програма во својот систем за развој на образованието.

Основците речиси четири години учат по наставни програми и учебници од Кембриџ, Брзото имплементирање на програмата во образовниот систем доведе до низа проблеми во спроведувањето, прилагодувањето и адаптирањето на наставните содржини. Наставниците не беа доволно обучени за сами да ја спроведуваат програмата. Се покажа дека учебниците не се на ниво и со јазик кој го разбираат учениците, а ни наставниците.

Кембриџ програмата покрај теоретски дел, вклучува и практичен дел, кој подразбира опремени училници и лабаратории за практични вежби, кои за жал во Македонија ги нема. Во училниците недостасуваат основни средства за работа и хигиена, кои редовно, со години наназад се бараат да се дополнат од буџетот на родителите.

Во европските земји многу време и простор се одвојува за пракса која е всушност клучен фактор за успех во образовниот систем по Кембриџ програмата. На учениците низ интерактивно и практично делување им се дозволува да креираат, создаваат и слободно да размислуваат, будејќи индивидуални интереси. Овој систем е добар за учениците, но ако правилно се имплементира во образовниот сектор.

Во Македонија покрај големиот број на проблеми и недостатоци поврзани со Кембриџ програмата, се брза да се воведе и во средното образование.

Иако, минатиот месец актуелната министерка за образование и наука Рената Дескоска Треневска излезе со став дека не треба да се брза со воведување на оваа програма во средните училишта, сепак еден дел од професорите веќе беа на обуки, за кои се потрошени илјадници евра државни пари.

На прес –конференцијата, која се одржа минатиот месец, Дескоска истакна дека со добиениот допис до Министерството за образование и наука, „Кембриџ интернешнал“ укажува дека е потребно време од 18 месеци до 2 години и за адаптација на учебниците, а со оглед на тесните рокови во кои тоа се прави во Македонија, процесот содржи многу слабости. За жал, во тој процес воден од претходната влада, процес во кој биле игнорирани предупредувањата од самиот „Кембриџ“, штета им била нанесена и на учениците и на наставниците, но и на угледот на „Кембриџ“.

Исто така, пак, од Министерството за образование и наука велат дека oбуките на наставниците  се еден континуиран процес кој треба да биде пракса во иднина. Со ова, се поттикнува користењето на концептот на доживотно учење во образовниот систем.

-Една професорка од средно образование која сакаше да остане анонимна и која била на обуката вели дека добро е што се запознала со програмата, но ако веќе одлучи Министерството да ја воведе, не треба да се брза, туку напротив треба да се имплементира постепено вклучувајќи стручен тим кој ќе им помага на професорите во текот на воведување и спроведување во текот на целата учебна година, се со цел да не се повторат проблемите и недостатоците од претходните години. Исто така, потенцираше дека многу треба да се внимава на прилагодувањето на содржината на учебниците, како и најважниот дел во целото учење, ПРАКСАТА.

Да го споменеме тука и екстерното учење и тестирање кое неколку години наназад сееше стрес и страв кај учениците од основното и средното образование. Со неговото укинување се очекува учениците да бидат попосветени и помотивирани во целиот наставен процес.

Кафе игротека Слонче

Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.