МИГРАЦИЈА СЕЛО-ГРАД: Секој би одбрал живот на чист воздух и поздрава храна

Која е разликата помеѓу живеењето во село, а која во град?
Дали полека селата во Македонија почнуваат да исчезнуваат или руралните средини подобро е да станат урбани, па поимот село да исчезне и сите да живееме во град? Дали се исплати да се живее на село кое е далеку од град? Секој има право на избор, но што треба да се направи за да се подобри животот во селата, а да се намали пренаселеноста во градовите?

Во суштина, повеќемина би одбрале да живеат во град поради поразвиената инфраструктура која им го олеснува животот. Луѓето полесно наоѓаат работа, а тоа им ја обезбедува егзистенцијата која за жал, во своето родно место ја немаат. Во Македонија проблемот започнува од видот на образование кое го стекнуваат младите луѓе. Стручните средни училишта се најважни за подобрување на состојбата во нашата земја. Постои дисбаланс за она што се бара и она што се нуди на пазарот за работна сила. Се бараат квалитетни столари, фризери, електричари, земјоделци, молери, кои нажалост ги нема, а се нудат еден тон правници и економисти. Треба да се промовира и да се подигне вредноста на стручната средна подготовка на младите. Да се даваат стипендии и старт ап линии за одредени струки кои се неопходни за развој на нашата економија во цела Македонија.

За да живееш на село во нашата Македонија, треба да се променат многу нешта. Животот на село подразбира развивање на земјоделието, сточарството, овоштарството, лозарството. Постојат странски фондации за финансиска помош наменети за рурална средина, но помошта од државата за стимулирање на живот на село е најголема. Крајно време е државата да креира програми за враќање на животот во руралните средини  кои изобилуваат од зеленило, чист воздух, мир и спокој. Да се дадат стимулации преку грантови за мали бизнис линии, кредити за млади за изградба на свои домови и сл. Стимулирањето на животот во село, ќе донесе пари за инфраструктура.

Има села во Македонија кои се изумрени, други пак, иако живееме во 21 -виот век живеат во мизерни услови, без канализација, без асфалтирани улици, без осветлувања, без амбуланта, без училишта…Услови нема, затоа се апелира да се тргне кон стратешко планирање кое конечно ќе ја заживее Македонија.

Кафе игротека Слонче

Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.