Колач со пудинг и јаболки

Состојки: 4 јаболки, 1 ванилин шеќер, бисквити, 1 прашок за пудинг од ванила, 40гр. Шеќер, 500мл. Млеко

Начин на подготвување: Јаболките се чистат и сечат на резанки. Во тенџере на оган јаболките се варат во половина литар вода каде се додава 1 кесичка ванилин шеќер. Варењето е околу 15 тина минути. Јаболките може малку да се исцедат во чинија. Пудингот се подготвува според упатството. Во правоаголно тавче се реди еден ред бисквити, па еден ред јаболки. На крај се прелева со пудингот. Колачот се остава да се олади и по желба може да се декорира со шлаг.

Колач со пудинг и јаболки (Овој рецепт е одличен за мали деца. Вкусен е, лесно и брзо се подготвува. Многу често го приготвувам за мојот две годишен син, кој го обожава.)

Поздрав,

од мама Марија од Скопје,

Кафе игротека Слонче

Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.