Што се случи со Пеленската Револуција?

Собрани се 12.000 потписи, Иницијативата е поднесена, се чека да се стави на дневен ред на седница во собрание.

Денеска, 01.11.2017 година Граѓанската инцијатива „450 Породилно (Пеленска револуција) во собранието на РМ официјално ја поднесе Иницијативата за платено отсуство на жените од работа поради бременост, раѓање и родителство. Изминатиов период се организираше референдум за донесување на предлог Закон за работни односи со кој ќе се зголеми времетраењето на платено отсуство од работа поради бременост, раѓање и родителство од сегашните 9 месеци (за едно дете) и 15 (за повеќе деца, на 18 месеци за сите мајки без разлика колку деца раѓаат.

Интересот за оваа иницијатива е голем, собрани се 12.000 потписи.

Што ќе донесе Пеленската Револуција?

– „Придобивките ќе бидат големи за мајките кои би биле 18 месеци на боледување. Посебно продолженото породилно би била од голема важност за мајките кои ги дојат своите деца подолго од 9 месеци. Децата ќе растат покрај своите мајки, ќе бидат поздрави, отколку кога би оделе во градинка. Државниот буџет нема да биде опторетен за постојани боледувања на родителите. Нема да биде преоптеретен работниот кадар во градинките. Ова се статистики и истражувања од стручни лица во областа на општественото живеење, велат од Граѓанската иницијатива „450 Породилно“.

Кафе игротека Слонче

Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.