11 Ноември (сабота) е работен ден за основните и средните училишта

11 ноември, сабота, е работен ден за учениците во основните и средните училишта во Македонија. Ќе се одработуваат часови од среда. Вака стои во одлуката на Министерството за образование и наука која се спроведува уште на почетокот на учебната година.

Наставната година ја сочинуваат две полугодија – прво и второ полугодие. Првото полугодие започнува на 4 септември 2017 година и завршува на 29 декември 2017 година. Второто полугодие започнува на 22 јануари 2018 година и завршува на 8 јуни 2018 година.

Во текот на учебната година учениците користат зимски и летен одмор. Зимскиот одмор е од 30 декември 2017 до 21 јануари 2018, а летниот одмор е од 9 јуни до 31 август 2018 година. Во текот на наставната година во училиштата треба да се остварат 180 наставни денови, затоа МОН донесе одлука воспитно –образовната работа за учениците да се организира во четири работни саботи.

Следни работни саботи се 17 март и 14 април каде ќе се одработуваат часови од петок.

Кафе игротека Слонче

Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.