АЕРОЗАГАДУВАЊЕ: Скопјани почнаа да купуваат прочистувачи на воздух

Во Скопје не се дише. Најмногу е загаден воздухот во утринските и вечерните часови кога концентрацијата на ПМ10 честичките го достигнува максималното ниво.  Деновиве побарувачката на прочистувачи на воздух значително е зголемена, велат од поголемите маркети за бела техника.

Скопјани се плашат за своето здравје. Секоја наредна година се поголем е бројот на луѓе кои заболуваат од „лоши“ болести, се зголемува ризикот од мозочни удари, срцеви заболувања, рак на бели дробови и астма. Малите честички PM10 и PM2.5 се најопасни и најштетни за луѓето од сите други загадувачи.

Деновиве скопјани почнаа да купуваат јонизатори, овлажнувачи на воздух, нови филтри за клима уреди, па се до најнови модели на пречистувачи на воздух кои користат напредни технологии кои се дизајнирани да чистат прав, полен, првут од домашни миленици, чад од цигари, ПМ честички, спори од мувла, да редуцираат хемикалии, миризби и вируси што се присутни во сечиј дом.

Граѓаните се борат со години наназад со загадениот воздух особено во зимскиот период и тоа наметнува потреба од користење на секакви уреди кои ќе го олеснат и подобрат нивното здравје.

Деновиве, и Град Скопје започна со воведување на мерки за намалување на аерозагадувањето.

Според податоците од новата студија што ја изработи Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), дури 45 насто од домаќинствата во градот се греат на огревно дрво, 30 насто на електрична енергија,  а само 21 насто се приклучени на парно, а греењето најмногу придонесува за загадување на воздухот.

Но, загадувањето не доаѓа само од греењето на дрва, во истражувањето се посочува дека голем придонес во загадувањето на воздухот има и палењето на пластика, лакирани материјали, јоргани, облека и друго ѓубре.

Во студијата, исто така,  се посочува дека, освен во општината Шуто Оризари,  во другите општини не постоело совпаѓање меѓу имотната состојба на граѓаните и начинот на греење, но постоело совпаѓање со образовната структура на населението, што укажува дека треба да се едуцираат граѓаните и да се работи на јакнење на нивната свест.

За да се намали загадувањето на воздухот, се предлагаат три мерки. Првата  мерка, којашто бара најмалку финансиски средства, е да се зголеми користењето на парното греење онаму каде што има мрежа,  односно  што повеќе домаќинства што се имаат исклучено повторно да се приклучат на парно. Втората мерка е оние што се греат на дрва да ги заменат старите и неефикасни печки со нови грејни тела, а  третата мерка, којашто е и најскапа е да се зголеми енергетската ефикасност, бидејќи над 50 насто од објектите треба да се реновираат затоа што не се енергетски ефикасни.

 

Кафе игротека Слонче

Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.