Растенија кои го прочистуваат воздухот во домот

Воздухот кој го дишеме во своите домови најчесто е недоволно прочистен, застоен и замирисан. За среќа, во секој дом има растенија и цвеќиња, кои освен што го разубавуваат просторот, некои од нив имаат способност за прочистување на воздухот од прашина, бои, миризба од храна, миризба од средства за чистење, чад од цигари.

Еве кои билки треба да ги негувате:

 

 

 

– Го има скоро во секој дом, но малкумина знаат дека фикусот (Fikus elastica) го неутрализира димот од цигарите, ја намалува концентрацијата на формалдехидот во воздухот. Ова е зимзелена билка која има дебели темнозелени листови, карактеристично за неа е тоа што лачи густа бела течност, која во индустријата ја користат за правење каучук. Во домот треба да ја чувате подалеку од мали деца и миленичиња, бидејќи листовите се отровни.

 

 

 

 

Драцена (Dracaenа) е билка која лесно се размножува, со своите листови наликува на палма и е украс за секој дом. Има преку 40 видови со еднобојни или шарени листови. Оваа билка ги елиминира формалдехидот, ксиленот, бензенот и трихлоретиленот од воздухот. Освен тоа, ги абсорбира и штетните зрачења кои ги емитуваат електричните уреди, затоа е најдобро да ја поставите во дневната соба покрај телевизорот.

 

 

 

 

 

 

Има околу 300 подвидови на Алое Вера, но само неколку од нив имаат лековити својства. Најпознато е Алое Вера -Барбаденсис Милер кое изгледа како кактус, има меснати листови, но всушност тоа е член на семејството на лилјани поврзани со кромидот, лукот и аспарагусот. 20 алое билки го претвораат истото количество јаглерод диоксид како и едно дрво.

 

 

 

Бршлен –Уште познат како ползавец одлично се прилагодува и во внатрешните услови. Лесно се одгледува и не му е потребна голема светлина. Бршленот, освен за прочистување на воздухот, добар е и за отстранување на алергените како што е мувлата и животинскиот измет. Од воздухот ги елиминира јаглен-моноксидот, формалдехидот и трихлороетиленот.

Кафе игротека Слонче

Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.