Биљана: Како ги изгубив килограмите после бременоста?

Јас немав вишок килограми после пораѓање. Два пати бев бремена, двете бремености започнаа со 57-58кг.
Мојот совет повеќе е како да се заштитите од овој проблем да не ви се појави, иако мислам дека ако ја примените оваа тактика иако сте качиле вишок килограми ќе се доведат во ред.

Сакам прво да нагласам дека за време на бременост и доење не држев диета, како што не држам никогаш.
Со првата ќерка качив 17 кг, бебето тежеше 3,150, плодова вода и се што иде за време на раѓање, ги изгубив тие килограми. Не се сеќавам можеби сум имала 4-5 килограми плус, но тоа не е проблем за никого.
Со втората ќерка тежината ми се зголеми за 13 кг. Бебето имаше 3,100, маките беа помали од првиот пат па мислам дека имав 60 кг на испис.

Порано мислев дека таков ми е организмот, дека таква сум. Но со тек на време гледав бремени жени во околината и сватив дека тоа е до начинот на живот.
Јас јадев се што ми се јадеше и пиев се што ми се пиеше. Јадев во главно здрава храна, повеќе на зеленчук и овошје, потоа млечни производи и понекогаш месо.
Но јас јадев колку што ми се јадеше. Ако некогаш немав апетит немаше жива сила што смееше да ми каже „јади за двајца“. Избегнував хамбургери, избегнував газирани сокови и гледав да јадам дома приготвена храна и да внесувам густи сокови.
Пиев центрум витамини за трудници кога можев да си ги дозволам. По препорака на доктор внесував и фолна киселина.

Не ми поминуваше денот без овошје и без јогурт. Но за разлика од една моја драга пријателка, не јадев по една китка банани на ден задолжително, не правев паника и хистерија ако немаше месо во ручекот. Од еден ден без месо нема да наслабне бебето.
Јадев тоа што ми се јадеше и колку што ми се јадеше, бременоста се одвиваше сосема нормално и потоа немав војна со килограмите. Во моментот за ова не бев ни свесна..

После бременоста доаѓа доење. Дали е во ред во овој момент да се држи диета? Тек сега бебето јаде од она што јадеш. Со првото бев неискусна и немав помош ни совет од никого ни од сестри ни од блиски.
Бебето по моја вина што не се едуцирав како што треба на време заврши со адаптирани млека. Сепак се развиваше одлично.
Второто цицаше година и два три месеци, некаде пред година почна од нашиот ручек да јаде (никако кашички) и сеуште цицаше.
Цело тоа време (не само првите месеци) внимавав што јадам. Многу читав за јадења кои создаваат здраво млеко, разновидно јадев. Некогаш и со сила јадев за прв пат во животот – само за да има доволно млеко.
Пиев литар млеко и литар од најдобриот сок секој ден. Не внесував ништо штетно. Не се грижев ни за калории ни за килограми. Само за принцезата. Организмот беше благодарен и секој вишок го прати во млекото.

Значи мојот совет е: Јади колку што ти се јаде и од она што навистина ти се јаде. Кога нема да ти се јаде – не јади. Не јади од досада. Не јади зошто сте двајца. Уживај во храната. И движи се. Пешачи. Ако можеш вежбај.
Не грижи се организмот нема да биде збунет од внесување нешта кои не ги побарал, и ќе знае каде да ги складира.

Билјана

Кафе игротека Слонче

Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.