За потомство треба да се подготви и мажот?

Еден од најважните и најсреќните денови од твојот живот е моментот кога ќе станеш татко. Пресврт во животот се случува токму на овој ден…

Неколку совети како да се подготвите за бебе:

1. Намалете го алкохолот

Идниот татко треба да го ограничи внесот на алкохол, бидејќи негово редовно консумирање (3-4 чаши дневно) може да доведе до намалување на густината на сперматозоидите и намалување на шансите за плодност.

2. Намалете ги цигарите и кафето

Пушењето може да ја намали плодноста, оштети спермата. Според некои истражувања идниот татко не треба да пие повеќе од 700 mg кофеин на ден (околу 5 чаши на редовни кафиња) затоа што кофеинот може да влијае на здравјето на подмладокот или на стапката на негово преживување.

3. Хранете се добро

Мажите треба да јадат храна богата со цинк (печен грав, сардини, црвено месо, млеко, семки од тиква) за да имаат здрава сперма, да внесуваат свежо овошје и зеленчук, риба, живина, цели зрна житарици. Здравата исхрана и редовното вежбање ќе го намали стресот, а ќе ја зголеми целокупната кондиција. Овие се добри начини за одржување на добро здравје, каде со вашето вклучување во овие активности, давате поддршка и на вашиот партнер.

4. Одржување на тестисите ладни

Плодноста зависи и од температурата. Долгото лежење во врела купка, пречесто посетување сауни, носење тесни панталони, може да доведат до прегревање на половите жлезди и може да се наруши создавањето на сперматозоидите.

5. И мажите треба да го намалат стресот

Брзото темпо на живеење, работа под притисок, исполнување на задачите со временски рок, знаат да влијаат многу лошо врз секој човек, да дојде до хормонални промени во телото, што може да доведе до стерилитет. Затоа Вие и вашата партнерка треба да се релаксирате и уживате во долги прошетки, да слушате музика и водите љубов.

Среќно!

Кафе игротека Слонче

Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.