Како да го храните детето во летниот период

Крајот на учебната година и почетокот на летниот распуст децата ги доживуваат како пауза на обврските и почеток на летното уживање. Високите летни температури, поголемото слободно време, променетиот ритам на спиење се доволна причина да дојде до промена на навиките и дневниот распоред на јадење. 

Најчести проблеми поврзани со летната исхрана

Родителите најчесто се загрижени кога станува збор за исхраната на нивното дете. Што најмногу ги загрижува:

  • Интензивен внес на густи сокови и чаеви;
  • Претерување во консумирање на сладолед и слатки;
  •  Нередовни дневни оброци;
  • Занемарување на хигиенските навики;

Како да се справите со ваквите летни навики:

  • Децата треба да пијат многу повеќе течности доколку живеете во услови каде температурата е висока или се физички активни во поголемиот дел од денот. Секогаш при рака треба да имаат вода. Доколку се љубители на густи сокови, не треба да се занемари енергетската вредност, поточно шеќерите кои ги имаат соковите, па поради тоа вие како родител сте должен да го ограничите дневниот внес. На тој начин ќе имате контрола колку детето има испиено.
  • Сладоледот е радост за детето, но мора да научи како правилно се јаде сладолед, треба да се топи во уста, а не да се гризе и голта наеднаш. Брзото јадење на ладниот сладолед може да предизвика воспалено (црвено) грло. Договорете се со своето дете кога и колку сладолед може да јаде дневно, така ќе имате задоволно дете, истовремено оставајќи простор за внес на друга намирница. Слатките заменете ги со овошни колачи и крем направен од свежо овошје.

Многу често родителите ги прилагодуваат оброците според семејните обврски и тогаш детето мора да јаде кога најмалку го сака тоа. Распоредот на исхрана на детето во лето треба да биде флексибилен. Што значи тоа? Напуштање на своите другарчиња, пливањето или играта која му причинува големо задоволство, прави детето да одбива да јаде и да биде незадоволно. Детето може да јаде подоцна. На тој начин нема да постои тензија и нервоза која негативно влијание врз целокупната атмосфера во семејството.

  • Најсериозно треба да се посветите на миењето на рацете, општата хигиена и миењето на овошјето и зеленчукот во текот на летото. Тоа е единствен голем проблем кој треба да го контролирате, се со цел да ги сведете инфекциите на детето на минимум. Голем број на деца не се снаоѓаат во природа, на базен и на плажа. Тоа значи, кога сте надвор од дома,  потребно е поголемо внимание и контрола при внес и избор на храната.
Кафе игротека Слонче

Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.