Диета со лубеница

Диетата се држи четири дена и има прочистувачки и тонизирачки ефект врз организмот. Кога ќе го завршите циклусот од четири дена се препорачува да се придржувате кон основните принципи на здравата исхрана од која се исфрлени сите полуготови и ли мрсни продукти во кои има протеини, јаглехидрати, а да консумирате корисни маснотии, витамини и минерали.

Консумирање лубеница во летниот период е идеално решение, бидејќи е богато со минерали и витамини (А, Б6, Ц), но исто така богато е со антиоксиданси, аминокиселини и ликопен ( јак антиоксиданс од групата на каротеноиди, кој е природен заштитник од рак на простата, желудник, дојка и кожа).

Една чинија со лубеница е еднакво на две чаши вода и може да обезбеди 10% од дневните препорачани дози на калиум.

ПРВ ДЕН

Преку цел ден се јаде само лубеница, колку сакате. На ручек може да изедете парче препечен леб со посно кравјо сирење.

ВТОР ДЕН

Појадок: 1 тврдо варено јајце, посно парче кравјо сирење, лубеница

Ручек: 1 парче препечен леб, лубеница

Вечера: варено пилешко месо (малку), грозје и лубеница

ТРЕТ ДЕН

Појадок: чај

Ручек: посно кравјо сирење, лубеница

Вечера: 1 тврдо варено јајце, праски

ЧЕТВРТИ ДЕН

Појадок: парче препечен леб и една чаша кисело млеко

Ручек: домати, парче препечен леб, лубеница

Вечера: лубеница

Ако помеѓу оброците почувствувате глад, парче лубеница ќе ве освежи и засити. Не заборавајте да пиете многу вода, може лимонада и лесни освежителни пијалоци.

Кафе игротека Слонче

Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.