5 Тајни за полесно слабеење

1. Дневно пијте по еден литар зелен чај

Начин на подготвување: Во 250 мл. Врела вода (не зовриена) се додава една лажичка чај. Користете чај во ливчиња, бидејќи вкусот е подобар. Зелениот чај е моќен антиоксиданс кој го стимулира метаболизмот, исто така прави телото да согорува калории побрзо. Три шолји зелен чај согоруваат 100 калории дневно.

2. Во текот на денот внесете по две лажички пивски квасец

Не е премногу вкусен, но е богат со витамини од Б комплексот и значително го намалува апетитот. Во пивскиот квасец се наоѓа пантотенската киселина ( Б₅)која е потребна за формирање на коензимот А, чија улога е важна во процесот на согорување на мастите. Коензимот А е одговорен ѝ за здрав ум и добро расположение. Коензимот А ја зголемува физичката и менталната сила на човекот ( ние работиме поефикасно, потребен ни е помалку одмор и полесно се соочуваме со предизвиците.
Пантотенската киселина не е само решавачки фактор во формирањето на коензим А, исто така работи ѝ на целата метаболичка активност во телото. Меѓу другото, го стимулира производство на стрес хормони, кои се од суштинско значење за деградација на масти.

3. По секој оброк испијте по една чаша топла вода во која е разматена една лажичка оцет од јаболко

Јаболковиот оцет изобилува со витамини (А, Б₁, Б₂, Б₆, Ц, Е) и хранливи материи (фосфор, калиум, натриум, магнезиум, сулфур, калциум, бета каротен, аминокиселини, ензими, јаболков пектин). Помага во зацврстување на забите и ноктите, помага при проблеми со уринарниот тракт, го намалува крвниот притисок, помага во регулирањето на нивото на холестеролот. Јаболковиот оцет ја прочистува крвта и ги исфрла токсините и вишокот на течности од организмот, го намалува апетитот и помага во согорувањето на масното ткиво.

4. Земајте по една шумлива таблета магнезиум дневно

Магнезиумот е еден од најефикасните топачи на масти. Најмногу е потребен на организмот за нервите и мускулите. Доколку го немаме доволно во организмот, се чувствуваме нервозни, не можеме да се сконцентираме, доаѓа до опуштање на мускулите и чувствуваме хроничен умор. Магнезиумот ги храни клетките со кислород во организмот и на тој начин топи масти. Дневната потреба е 300-400мг. Храна богата со манезиум која согорува масти е: интегрално брашно, зелен зеленчук, соја, мешунки и црно чоколадо.
Доколку пиете таблети, купете магнезиум цитрат, наместо магнезиум карбонат (тешко се искористува во организмот).

5. Пијте по 2 литри течност дневно

Вода и само вода. Најмалку 1,5 литри вода дневно (тоа е минимум кој треба да го испиете ако не се бавите со значителни физички активности) е она што му е потребно на организмот за да ви даде знак дали навистина сте гладни.
Во период од 6 месеци, доколку омилениот сок или газираниот пијалок го замените со обична вода или незасладен чај може да ослабете 2 килограми, без никакви напори.

 

Кафе игротека Слонче

Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.