Дешифрирање на бебешкиот плач

Младите родители најмногу се вознемируваат на бебешкиот плач, особено ако не можат да претпостават зошто плаче бебето. Веќе е два наутро и вашето бебе плаче. Немојте да се вознемирувате, бидејќи плачот е начин на кој бебињата се изразуваат и го бараат тоа што им е потребно.

Бебињата преку плачењето го изразуваат своето расположение. Направено е тестирање кое било спроведено на 1.000 деца ширум светот, од различни раси и култури, во период од девет години. Истражувањето покажало дека сите бебиња до три месеци старост плачат на пет различни начини:

  1.  Ако бебето плаче испуштајќи звук “нех”, тоа е гладно. Со јазикот го допира врвот на устата како кога цица и главата ја врти на страна.
  2. Ако бебето плаче испуштајќи звук “аух”, тоа е поспано, бидејќи тој звук произлегува при зевање.
  3. Ако бебето плаче испуштајќи звук “хех”, тоа значи дека не му е пријатно, може да му е многу топло или ладно, или треба да му се смени пелена.
  4. Ако бебето плаче испуштајќи длабок и долг звук, тоа значи дека го боли стомачето. Тогаш стомачето му е надуено и потребно е да му ја олесните болката. Вакво плачење може да предизвикаат и грчевите.
  5. Ако бебето плаче испуштајќи звук “ех”, тоа значи дека се труди да го истисне воздухот од стомакот, сака да ждригне.

Според начинот на кој плаче, за да ја утврдите вистинската причина, обрнете внимание ѝ на потезите што ги прави додека плаче. Доколку бебето е многу уморно, може да плаче алармантно, тогаш со своите рачиња го покрива лицето, правејќи гримаси на лицето. За побргу да се смири, земете го во раце или лулајте го во креветчето.

Силна врева или голема активност, исто така може да предизвика бебето да плаче. Веднаш земете го во раце и погледнете го во очи, најверојатно бебето е под стрес. Во оваа ситуација помага возење во количка или автомобил.

Исто така, при воспаление на увото кај бебињата, може да се појави црвенило на истата страната на лицето, така што бебето постојано го влече и фаќа увото. Плач, црвени непца, како и постојано ставање на прстите во уста е знак дека на бебето му растат запчиња. Од помош се специјалните капки кои имаат функција да ја намалат иритацијата и да ги ладат непцата.

Техника за самостојно успивање на бебето

Техниката за самостојно успивање на бебето спаѓа во методот на контролирано плачење и за негово спроведување потребно е околу еден месец. Поентата е малку, по малку физички да се одвојувате од бебето, за да може да се научи само да заспива.

На почеток, треба да му помогнете да заспие, со лулање. После неколку дена, престанете да го лулате, само спуштете ја вашата дланка на стомачето на бебето. Можете ѝ да легнете покрај него. Бебето сèуште има потреба од вашата физичка присутност во просторијата, бидејќи така се чувствува најсигурно и полесно заспива. Во последната фаза од оваа техника, вие треба да седите до креветчето додека не заспие вашето бебе. Следниот пат столицата поместете ја на еден метар од креветчето на бебето, за да следниот пат стигнете до средина на собата, а потоа уште подалеку. Кога вашето бебе ќе заспие останете во просторијата уште десетина минути.

Кафе игротека Слонче

Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.