Што треба децата да научат до шест годишна возраст

Во денешно време малите деца се форсираат да посетуваат најразлични курсеви, да се занимаваат со спорт, да учат странски јазик, да учат да свират на некој музички инструмент, ѝ сето ова е сè повеќе актуелно. Ѝ стручњаците се сложуваат дека периодот до шест годишна возраст на детето е најважна фаза во учењето.

Но, се поставува прашањето:

Кога и што конкретно вашето дете треба и може да започне да учи?

Во однос на способноста за мислење помеѓу детето и возрасниот човек, нема никаква разлика, се разликуваат само по количината на знаење. Доколку секојдневниот живот на едно дете е разновиден, во неговиот мозок се формира посложена мрежа ( мрежа од неурони).

 Како треба детето да учи?

 Треба да учи низ игра. Деца до шест годишна возраст учат на три начини:

  1. Преку активност, разбирање, однесување, копирање на постапките на возрасните;
  2. Преку раскажување и објаснување;
  3. Сопствено размислување;

Важно е на детето да му овозможите почесто да доживува нови искуства, да поставува прашања и да добива одговори.

Што можат бебињата и малите деца да научат?

Во текот на првата година, детето треба да научи да ги фаќа и држи работите. Ако веќе детето умее да лази и да оди, треба да се учи на музика, движење. Од втората година, детето сака да набљудува и гледа, вклучувајќи го тука и говорот. Детето учи ѝ пред да прозбори и затоа многу е важно со него да се разговара и тоа со цели и разбирливи реченици. Добро е ако на детето редовно му читате, му пеете и рецитирате песнички.

Ако детето расте во двојазична средина, вториот јазик треба спонтано да го користи во секојдневниот живот ( дома или во градинка), но само доколку вие самите добро го зборувате.  До четвртата година од животот на детето, се развиваат оние делови од мозокот кои се пресудни за развој на говорот. Во текот на втората година детето главно учи зборови, а во четвртата година ја учи граматиката.

 Што учат децата од третата година?

Децата на оваа возраст сакаат многу да истражуваат, сакаат сè да знаат, применуваат сè што ќе научат. Во овој период најдобро е детето да учи песнички и да научи истите да ги рецитира. Може да игра игри со броење (на пример: редење камчиња, сортирање и броење).

На оваа возраст може да им покажете како водата станува мраз или како настанува водена пареа, овие мали експерименти, за нив ќе бидат вистинско воодушевување.

Шетајте со детето во парк, разгледувајте ги и учете ги различните видови на дрвја. Можете да вежбате, учејќи ги различните марки на автомобили кои се паркирани на најблискиот паркинг. Забавно за детето е готвењето заедно со родителите. Пригответе  еден заеднички ручек, објаснувајќи ги сите состојки што ќе ги употребите за вкусното јадење. Веќе од третата година може да гледа телевизија, а од четвртата година да игра едукативни компјутерски игри, но најдобро е, ѝ едното ѝ другото да го ограничите на 30 минути дневно. Мечтаењето им е развиено, па затоа многу често ќе го мешаат реалниот со измислениот свет.

 Предшколска возраст

 Веќе од петтата година имаат контрола над своите емоции и развиена поврзаност помеѓу мислењето и говорот. Ова е идеално време да ги научите да гледаат на часовник. Веќе ги знаат броевите и полесно ќе може да се научи да гледа на дигитален часовник, но треба да се трудите да научи да гледа и на часовник со стрелки.

На шест години, мораат да разликуваат мечтаење од реален свет. Треба да прават разлика помеѓу голема и мала буква, да бројат до 20 и некои најважни знаци на интерпункција. Мораат да знаат кој број е поголем, а кој помал, што е подоцна, а што е порано.

Кафе игротека Слонче

Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.