Трудниците поставуваат прашања за исхраната во бременоста

1. Дали ќе внесам доволно калциум, ако не пијам млеко ?

Да. Освен во млекото калциумот е присутен во природен сок од портокал, сирење, јогурт, конзервирани сардини со коски, конзервиран лосос, конзервирани скуши со коски, мелен сусам, млеко од соја и протеини, мешункарки (грав, грашок), варен кељ, брокули, пченкарно брашно, смокви, супа зготвена со коски. Вегетаријанците или оние што не ја поднесуваат лактозата – млечниот шеќер, препорачливо е да го земате во додаток.

Секојдневно треба да внесувате по 4 оброци од оваа храна или вкупно 1.280 – 1.300 мг калциум дневно ( по 300 мг по оброк). Може да правите разни комбинации од оваа храна.

 

2. Зошто е толку важен калциумот за моето бебе?

 Внесувањето на калциум е важен за коските, мускулите, срцето, развојот на нервите, коагулацијата на крвта и за активноста на ензимите. Ако не внесувате доволно калциум, си наштетувате самите себеси, бидејќи  вашето бебе потребниот калциум ќе го црпи од вашите коски и тоа ќе ве доведе подоцна во животот до остеопороза.  Внесувањето доволно калциум спречува и покачување на крвниот притисок за време на бременоста (прееклампсија).

 

3. Дали вештачкиот засладувач е безбеден да го користам додека сум бремена?

Има жени диеталки кои својата телесна тежина ја контролираат преку користење на вештачки засладувач. Но, препораките за идните мајки е внимавање при нивна употреба.

Нема доволно податоци за употребата на сахарин во бременоста. Според некои истражувања сахаринот минува низ плацентата и бавно се елиминира , затоа се препорачува во текот на подготовките за бременост, во периодот на зачнувањето и во текот на бременоста да не се користи сахаринот.

Умерената употреба на аспартамот  во бременоста нема  штетни влијанија во бременоста. Но, со оглед на тоа дека повеќето производи што се засладени со него се полни со вештачки додатоци  и без хранливи состојки, трудниците треба да ги избегнуваат овие производи.

 

4. Јас сум вегетаријанка. Дали морам да јадам месо?

Не. Постојат многу алтернативни извори на протеини како што се: млечните производи, некои видови мешунки и житарки. Од млечните протеини се вбројуваат: млеко, јогурт, сирење, јајце. Од мешунките:  грав, соја, леќа. Од житарките богати со протеини се: овес, пченични никулци, путер од кикирики, сусам, сончоглед,, тиква, кикирики и ореви.

 

 

5. Имам запек. Како да го намалам?

Вообичаено е во бременоста да се појави запек. Зголемената матка притиска врз цревата, а и олабавеноста на мускулите на цревата го забавуваат движењето на храната низ цревата. Овие причини се нормални во бременоста, но нередовното празнење на цревата може да се регулира преку внесување на храна богата со влакна (свежо овошје и зеленчук, интегрален леб, сушен грав и грашок, сушено овошје (суво грозје, сливи, кајсии, смокви). Пијте 8 чаши вода на ден. Може да помогне и ако пиете 1-2 чаши топла вода со неколку капки лимон, а ако запекот е сериозен пијте сок од сливи.  Бидете активни секој ден. Брзата прошетка од половина час може многу да помогне.

 

6. Дали можам да јадам зачинета храна, додека сум бремена или за време на доење?

Да, ако тоа е удобно за вас. Зачинетата храна нема да му наштети на вашето бебе.

 

7. Може ли да пијам кафе и како влијае кофеинот на моето тело?

Да. Ограничете го до 1 мала шоља кафе или 2 шољи чај на ден. Кофеинот е стимуланс кој ја зголемува будноста. Тоа малку го зголемува крвниот притисок и срцевиот ритам, но и количината на урината .

Некои луѓе се повеќе чувствителни на кофеин од другите.  Бремените жени може да бидат особено чувствителни , бидејќи ќе им треба подолго време да го исчиститат  кофеинот од своето тело, за разлика од жени кои не се бремени.  Кофеинот кај некои луѓе предизвикува нервоза, лошо  варење на храната или проблеми со спиењето.

За време на бременоста,  кофеинот ја  преминува плацентата . Кофеинот може да го намали протокот на крв во плацентата, а со тоа да му наштети на бебето .l

 

 8. Може ли да јадам  јајца додека сум бремена?

Да. Јајцата се здрава храна  преку која ќе внесетенајвисок квалитет на протеини, заедно со 18 витамини и минерали кои ги има. Јајцата се исто така одличен извор на холин, една состојка која кога се консумира во текот на бременоста, може да биде клучна во развојот на мозок и капацитетот на меморијата на вашето дете. Како и секогаш, не јадете сурови или печени јајца.

 

9. Дали мојот начин на исхрана треба да биде различен  ако сум бремена со близнаци?

Треба да јадете еден оброк или ужина на секои два часа додека сте будни. На менито најважно е да имате: протеини, житарки, јогурт, спанаќ, јајца, ракчиња, папаја,  путер од кикирики, пилешки гради.

  • Еден добар микс од протеини одлично ќе ви се вклопи во трудничкото мени. Бадеми ( богати со витамин Е) во комбинација со ореви, фстаци,кикирики или семки од сончоглед.

Протеините се важни за создавање на здрави клетки и имаат витално значење за здрава бременост, затоа им се препорачува на трудниците, особено на оние што носат близнаци.

  • Повеќето житни култури се збогатени со фолна киселина, витамин Б, кои драстично го намалуваат  ризикот од дефекти при раѓање. Затоа најважни се  во текот на бременоста. Поради тоа, повеќето бремени жени се советуваат  да ја примаат фолната киселина во форма на додаток или пренатални мултивитамини, пред , и за време на бременоста. Житарките особено ќе ви помогнат во одржување на вашиот дигестивен систем  да функционира одлично.
  • Јогуртот е богат со калциум и е потребен за развој на коските на вашето бебе и костурната структура. Тој е исто така добар извор на протеини.
  • Морска храна е вкусна и хранлива, но многу варијанти на морска храна не се препорачуваат за бремени жени поради покаченото ниво на  жива и други хемикалии кои може да ги содржат рибите. Ракчињата, генерално се сметаат за безбедни. Ракчињата се одличен извор на протеини со помалку маснотии, содржат селен и витамин Д.
  • Папајата е вкусно тропско овошје кое изобилува со здрави протеини, (особено е познат) кои се одлични за дигестивниот систем. Исто така е одличен извор на витамин Ц и се препорачува за ублажување на утринска мачнина.
  • Јајцата се високо протеинска храна и се најбогатиот извор на холин, хранлива материја потребна во поголеми количини во текот на бременоста за нормално функционирање  на мозокот и меморијата.Лесно можат да се подготват на различни начини.
  • Попај морнарот ќе биде горд! Човекот морнар кој се здобил со голема сила со јадење спанаќ дефинитивно би го препорачал за бремени жени. Спанаќот  и други темно зеленолисни растенија се богати со калциум, фолна киселина, витамин К и железо. Тоа е исто така богат со витамин Ц, влакна, каротеноиди и лутеин . Од свеж спанаќ може да се направи вкусна салата.
  • Путерот од кикирики нуди прехранбени придобивки од  тиамин, ниацин, калиум и цинк и е извор на здрави маснотии.

 

10.Слушнав дека не можам да пијам  алкохол додека сум бремена или за време на доење. Дали е тоа вистина?

Немојте да пиете алкохол додека сте бремена. Алкохолот влегува во крвотокот на мајката , но и на детето. Сериозното пиење (пет-шест чаши вино, пиво или жесток пијалок дневно) во текот на бременоста е поврзана со голема смртност на новороденчињата, најчесто родени деца ментално заостанати, со многубројни деформитети, најчесто на главата, лицето, екстремитетите, срцето и централниот нервен систем. Умереното пиење (една – две чаши дневно) во текот на бременоста може да предизвика спонтан абортус, предвремено породување, мала породилна тежина или компликации при породувањето. За време на лактација, ако решите да се напиете нешто, тоа нека биде многу мала чаша пиво или  вино.

 

11.  Сега кога сум бремена дали треба да јадам двапати повеќе?

Често се вели дека бремената жена треба да јаде за двајца, но тоа не е точно. Она што е вистина е дека во текот на бременоста жената треба да обезбеди добра храна за две индивидуи. Бебето се храни преку  папочната врвка од неговата мајка, па затоа исхраната  е многу важна. Ако мајката има недостаток од некој витамин или некоја  хранлива состојка, тоа ќе му недостасува ѝ на бебето. Жената која не е бремена треба да внесува околу 2100 калории дневно. Бремена жена треба да внесува околу 2500 калории дневно. Жена која дои треба да внесува околу 3000 калории дневно.

 

 

 

Кафе игротека Слонче

Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.