Мусака со компири

musaka

Состојки: 2 големи компири, 200 гр. Мелено месо, 1 морков, ½ главица кромид, вегета, 1 јајце, ½ павлака, маслиново масло

Начин на приготвување: Компирот се сече на тенки кругчиња, се реди еден слој компири во тавче подмачкано со маслиново масло. Се пржи кромидот со меленото месо и морковот сецкан на кругчиња, се зачинува со вегета по вкус. Оваа смеса се става врз компирите, па се става втор слој од исецканите компири. Се додава малку вода (2-3 лажици) и се пече 15-20 минути на 200 степени, при крај на печењето се става смеса од јајце и павлака. Се пече уште пет минути.

Кафе игротека Слонче

Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.